ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Дали е доматот здрав?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Доматот е многу корисна намирница, богата со разновидни хранливи материи. Во исхраната најчесто се користи сиров во салати, потоа пржен, како додаток на јадења, варен или како зимница во комбинација со друго зеленчук. Доста се користи и сокот од домати. Оваа намирница се препорачува за јакнење на имунолошкиот систем, а и за диетална исхрана, бидејќи е хранлива, а нискокалорична. Содржи доста лековити материи, делува како чистач на организмот, има антисептичко дејство и е диуретик. Поволно влијае кај многу болести. На лицата кои имаат проблем со рефлукс (горушица) не се препорачува домат и производи од него.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Диететика и исхрана