ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Дали црвеното месо и месните преработки предизвикуваат рак?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Најзастапени видови црвено месо во нашата исхрана се свинско, телешко, говедско и јагнешко месо, а во оваа категорија спаѓаат и коњско месо, месо од коза и дивеч. Овие меса имаат висока биолошка и нутритивна вредност, специфичен вкус и мирис и се важен извор на биолошки вредни белковини, железо, цинк, бакар и витамин Б12. Енергетската вредност зависи од количината на маст и белковини во месото. Помасните меса имаат поголема калориска вредност, но помала биолошка вредност. Темното месо во однос на светлото содржи помала количина протеини, но поголема количина железо. Црвеното месо содржи малку поголема количина маст. Во месни преработки спаѓаат производи од месо чиј рок на траење се продолжува со димење, сушење, солење или конзервирање - тука спаѓаат колбаси, виршли, саламите, сланините, шунките, сушеното и димено месо, конзервираните месни резанки и пастетите. Адитивите кои се додаваат во месото во процесот на преработка, како и месото подготвено на скара, го зголемуваат ризикот од рак. Едно од најчестите прашања во современата нутриционистика е дали прекумерната консумација на црвено месо е препорачлива или треба да се редуцира. Ова прашање произлегува од истражувања кои говорат за тесна поврзаност на црвеното месо со некои облици на рак, посебно рак на дојка кај жени, рак на дебелото црево, како и со одредени кардиоваскуларни заболувања. При тоа треба да се земе предвид дека станува збор за црвено месо од масовно одгледување, кое честопати е контаминирано со антибиотици и пестициди, а се подготвува преку пржење, панирање, во вид на пљескавици и ќебапи од бројни фаст-фуд објекти, како и разни сувомесни производи со додадени засилувачи на вкус. Експериментите со кои се испитува дали одредена намирница предизвикува карцином претставуваат голем истражувачки потфат и бараат голем број испитаници во период од многу години. Препораката на Светската здравствена организација е црвеното месо поретко да се користи во исхраната, а предност да се даде на риба, живинско и мисирско месо.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Диететика и исхрана