ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Дали алкохолот здебелува?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Енергетскиот вишок (повеќе внесени калории од дневните потреби), кога трае подолго време, доведува до дебелеење. Дури и мала кумулативна разлика од само 2% помеѓу внесот и потрошувачката на енергија може кај возрасна личност да предизвика промена на телесната тежина од 5 кг за една година. Умерен внес на алкохол (1–2 пијалаци дневно, односно 20–30 г алкохол дневно за мажи и 10–20 г за жени), доколку исхраната е правилна, нема да доведе до дебелеење. Чаша вино од 125 мл, лименка пиво од 330 мл, аперитив од 80 мл или силно пијалаче од 40 мл содржат по околу 12 грама алкохол и калорична вредност од околу 120 kcal. Црниот дроб метаболизира само шест грама алкохол на час. Алкохолот ја надразнува слузницата на хранопроводникот и желудникот, па умерениот внес не се препорачува кај лица со изгореници (рефлукс), масен црн дроб и покачени триглицериди. Сепак, треба да се внимава пијалакот да не се консумира непосредно пред спиење, бидејќи секој внес на храна или пијалак доцна навечер придонесува за зголемување на телесната тежина.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Диететика и исхрана