Мононевропатиjа мултиплекс
ММ е синдром при кој наодите карактеристиките на заболувањето се јавуваат од прогресивни лезии на еден нерв што низ времето се акумулираат во релативно големи „именувани“ нерви. Како што беше претходно дискутирано за мононевропатиите, ММ може да ги зафати кранијалните нерви, спиналните нервни корени, нервни плексуси, и периферни нерви во различни комбинации.
ММ е синдром при кој наодите карактеристиките на заболувањето се јавуваат од прогресивни лезии на еден нерв што низ времето се акумулираат во релативно големи „именувани“ нерви. Како што беше претходно дискутирано за мононевропатиите, ММ може да ги зафати кранијалните нерви, спиналните нервни корени, нервни плексуси, и периферни нерви во различни комбинации. ММ може да биде примарно аксонален или демијалинизирачки процес; вториот случај може да се разгледува како една од варијантите на идиопатски СГОР и беше дискутиран во тој контекст.
Нарушувањата што предизвикуваат аксонална ММ вклучуваат инфективни процеси, васкуларни нарушувања што предизвикуваат исхемија на нервите, микроангиопатски болести што предизвикуваат исхемија, и инфилтартивни процеси. Инфективните процеси што предизвикуваат ММ вклучуваат лепроза, туберкулоза, Лајмска болест, хепатитис Б и Ц, и инфекција со цитомегаловирус кај стекнат имунодефициентен синдром (АГО8). Лепрозата е најверојатно најчеста причина за невропатија во светот, но е екстремно ретка во САД освен кај имигрантската популација. Васкуларна исхемична ММ се појавува кај репаг1егШ5 пос1о8а, алергичен васкулитис, \Уе§епег35 грануломатоза, изолиран периферен нервен васкулитис, ревматоиден артритис, лупус, склеродерма, мешано заболување на сврзното ткиво и паранеопластични синдроми. Некои од овие нарушувања, врз основа на нивната наклонетост кон малите, дистални нервни гранки, предизвикуваат синдром потипичен за дистална симетрична аксонална полиневропатија отколку ММ. Микроангиопатските нарушувања што предизвикуваат ММ се шекерна болест и поретко атеросклероза, амилоидоза и макроглобулинемија.
Саркоидозата и туморите (на пр. неурофиброматозата) предизвикува ММ преку директна нервна инфилтрација..
Дијагнозата се заснова на идентификација на основното заболување. Специфичниот третман е насочен соодветно.