Тампонада на перикардот
Излив во перикардниот простор се појавува при скоро сите случаи на акутен перикардит. Во некои случаи доага до брзо насобирање на течност во перикардниот простор, па тој не може адекватно да се шири, доага до компресија на срцето и отежнато полнење на коморите во дијастола.
Излив во перикардниот простор се појавува при скоро сите случаи на акутен перикардит. Во некои случаи доага до брзо насобирање на течност во перикардниот простор, па тој не може адекватно да се шири, доага до компресија на срцето и отежнато полнење на коморите во дијастола. Настанувањето на тампонада на перикардот повеке зависи од брзината на полнење на перикардниот простор отколку од количината на насобраната течност. Тахикардијата е првиот компензаторен механизам за одржување на минутниот волумен при појавата на тампонада на перикардот, а со неговото исцрпување доага до пагање на крвниот притисок.
При тампонада на перикардот на аускултација срцевите тонови се тивки или нечујни. Хемодинамски знаци на тампонадата се зголемениот венски притисок, тахикардијата и парадоксалниот пулс. Парадоксалниот пулс се карактеризира со намалување на систолниот притисок за повеке од 10 тшН§ при инспириум (помало намалување на крвниот притисок при инспириум се сретнува и кај здрави лица). При тешка тампонада крвниот притисок во инспириум може да падне до 0 ттНд.
Изразеното намалување на крвниот притисок при инспириум кај пациентите со тампонада на перикардот се должи на два механизма:
1. Во тек на инспириумот интраторакалниот притисок се намалува, а се зголемува венскиот прилив на крв во срцето. Десната комора се зголемува и притиска на левата што предизвикува мало намалување на ежекционата фракција на левата комора. Кај пациентите со тампонада венскиот прилив е зголемен поради зголемениот венски притисок, а нема левата комора нема доволно простор за нормално полнење поради што во тек на инспириумот доага до значајно намалување на нејзината ежекциона фракција.
2. Намалувањето на интраторакалниот притисок во тек на инспириумот се пренесува на миокардот, но не и на екстраторакалните артерии поради што доага до отежнато празнење на коморите во систола.
Парадоксалниот пулс предизвикан од истите механизми се сретнува и кај пациентите со тешка акутна астма, како и кај пациентите со тешка кар диомиопатиј а.
Третманот се состои од надополнување на малиот минутен волумен со инфузиони раствори, а по привременото стабилизирање на хемодинамиката се потврдува дијагнозата со катетеризација и мерења на притисоците во срцевите празнини, а потоа следи дренажа на перикардниот излив. Во критични ситуации евакуацијата на перикардниот излив се изведува на постелата од пациентот со итна перикардиоцентеза. Постапката се состои од инсерција на игла во перикардниот простор и аспирација на изливот, а се изведува со долга игла поврзана со ЕКГ за да се детектира евентуланата пункција на миокардот што се манифестира со елевација на 8Т сегментот.
Иглата се внесува веднаш под левата страна од ксифоидниот наставок, а пункцијата може да биде водена со ехокардиографија. Со овој пристап се избегнува повреда на предната десцендентна коронарна артерија, внатрешната мамарна артерија и левата плевра. Евакуација на 25 т1 течност од перикардниот простор може да го спаси животот на пациентот со тампонада на перикардот. При изведување на перикардиоцентезата постои ризик од повреда на коронарните артерии, пункција на миокардот и бактериска инфекција поради што евакуацијата на перикардниот излив е најдобро да се изведува во контролирани услови во лабораторија за катетеризација на срцето.
Рецидивирачките перикардни изливи, на пр. тие што се јавуваат во рамки на малигнен процес, се евакуираат со континуирана дренажа преку катетерот кој по празнењето на перикардниот излив се остава во перикардниот простор. Во некои случаи со хируршка интервенција се прави прозорец на перикардот преку кој течноста се празни во торакалната или абдоминалната празнина, а во други случаи се изведува перикардектомија.