Изолираната аортна регургитација е предизвикана од истите болести кои ја предизвикуваат аортната стеноза. Околу една третина од болните имаат анамнеза за претходно прележана ревматска треска.
Хемодинамски нарушувања и природен тек на болеста
Кај некои од болните причина за болеста е прележан аортен сифилит, системски болести на сврзното ткиво (на пр. анкилозирачки спондилит) или миксом на левата преткомора. Дисторзијата на коренот на аортата што се јавува кај Марфановиот (МагГап) синдром или артериската хипертензија, исто така, можат да доведат до прогресивна инсуфициенција на аортниот залисток.
Основно хемодинамско нарушување кај аортната регургитација е волуменското оптоварување на левата комора кое комората го компензира со дилатација и рефлексна периферна вазодилатација. Компензаторните механизми се ефикасни одредено време по кое се јавуваат симптомите на левосрцева слабост, а може да се развие и сликата на АП.
Акутната аортна регургитација која се јавува при ендокардит или траума на срцето претставува медицинска xитност. Брзиот пораст на енд-дијастолниот притисок доведува до појава на белодробен едем и мал ударен волумен на левата комора.
Физикален наод
Шумот на аортната регургитација е декрешендо дијастолен шум кој се аускултира кратко време по вториот срцев тон. Кај аортната регургитација предизвикана од ревматска треска шумот најдобро се слуша покрај левиот раб на стернумот. Друт срцев шум, Остин-Флинтовиот (АшИп-РНп!:) шум може да биде заменет со шумот на аортна регургитација. Овој шум, слично на шумот при митрална стеноза, најдобро се слуша над срцевиот врв, а веројатно се јавува поради удар на крвниот млаз на предниот куспис од митралниот залисток во тек на систолата на левата комора.
При долготрајна аортна регургитација организмот се адаптира со рефлексна вазодилатација на периферните артериоли со што се минимизира регургитираниот проток на крв. Оттука произлегуваат и карактеристичните клинички знаци на болеста: висок притисок на пулсот со нагло намалување на диајстолниот притисок, звучен шум над големите артерии, пулсен удар што нагло се зголемува и пага (го одразува брзиот проток на крв низ крвните садови), како и изразен капиларен пулс кој е особено изразен на коренот од ноктите, т.н. Квинкеов (СЈтске) пулс. Изразените артериски пулсации можат да предизвикаат пулсации на увулата или пулсни движења на главата и целото тело, т.н. знак на де Мисе (с1е Мшбе!). Знакот на Дурозје (Бшхшег) е шумот што се слуша при компресија на големите артерии, на пр. феморалните артерии. Ниту еден од овие знаци не е во корелација со степенот на тежина на аортната регургитација.
Дијагностички тестови
На рендгенографија на градниот кош се гледа елонгирана лева комора, а на ЕКГ знаци за нејзина хипертрофија. Карактеристичен ехокардиографски наод е брзо движење на предниот митрален куспис и прерано затворање на митралниот залисток. Исто така, Доплер техниката е сензитивна метода за дијагностика на аортната регургитација.
Терапија
Одлуката за времето за изведување на хируршката корекција е особено важна кај пациентите со аортна регургитација, при што се препорачува таа да се изведе при појавата на симптоми. Асимптоматските пациенти треба грижливо да се следат. Начелно, хируршката корекција треба да се изведе пред енддијастолниот пречник на левата комора да надмине 55 тт или нејзината ежекциона фракција да се намали под 55%. При акутната аортна регургитација, којашто се јавува при дисекција на аортата или при бактериски ендокардит, потребен е итен хируршки зафат.
Фармаколошкиот третман на аортната регургитација се состои од примена на вазодилататори, какви што се АКЕ инхибиторите, блокаторите на калциумовите канали (на пр. нифедипин) или нитропрусидот. Тие, исто така, се применуваат кај пациентите кај кои не може да се изведе хируршка интервенција. За разлика од митралната регургитација, при аортна инсуфициенција е контраиндицирана примената на интрааортна балон пумпа поради тоа што со неа уште повеке ке се зголеми регургитацијата на крв од аортата во левата комора.
