Кардиологија

Други (не-синус) пејсмејкери

Клетките од синусниот јазол не се единствените клетки во срцевиот мускул со можност за спонтана деполаризација, но бидејки имаат највисока фреквенција на создавање на импулсите во нормални услови тие се предводници на срцевиот ритам.

Клетките од синусниот јазол не се единствените клетки во срцевиот мускул со можност за спонтана деполаризација, но бидејки имаат највисока фреквенција на создавање на импулсите во нормални услови тие се предводници на срцевиот ритам.

Нормалниот синус ритам има фреквенција од 60 до 100 удари во минута. Доколку во клетките од синусниот јазол од кои било причини се создаваат импулси со ниска зачестеност, предводници на срцевиот ритам стануваат клетките со поголема зачестеност, на пр. клетките во близина на АВ јазолот (фреквенција 45-60/минуте) или клетки од зидот на комората (фреквенција 35-45/ минута).

Други ситуации во кои несинусни механизми го предводат срцевиот ритам се:

1. Доколку некој од побавните центри (фокуси) почне да емитува импулси со повисока фреквенција од таа на синусниот јазол, тој станува предводник на срцевиот ритам. Овие локуси се наречени ектопични фокуси.

2. Во абнормални услови, кога соседните миокардни влакна не се деполаризираат симултано може да дојде до појавата на механизмот на кружење (гееп1гу 1оор). Се работи за кружење на импулсот по одреден пат, а причина за кружењето е унидирекционен блок . Имено, импулсот по заобиколен пат стигнува во блокираната зона во моментот кога ектопичниот фокус, кој се наога на почетокот на кругот, е излезен од рефракторната фаза и повторно е подготвен да почне со кружење на импулсот. На тој начин се создава автономен крут (петелка) од кој импулсите можат да се шират и да го предводат срцевиот ритам.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button