Кардиологија

Срцева слабост

Срцева слабост е состојба при која коморите не се способни да ја исполнат својата пумпна функција, односно функцијата на празнење на венскиот резервоар во артериската циркулација. Во овој случај доага до заостанување на крвта во венскиот систем и намален прилив на крв во артерискиот систем.

Срцева слабост е состојба при која коморите не се способни да ја исполнат својата пумпна функција, односно функцијата на празнење на венскиот резервоар во артериската циркулација. Во овој случај доага до заостанување на крвта во венскиот систем и намален прилив на крв во артерискиот систем.

Слабост може да се појави кај обете комори. При слабост на десната комора (десното срце) крвта заостанува во системските вени, доага до нивна конгестија што се манифестира со зголемен притисок во југуларните вени, периферни едеми, асцит и зголемен црн дроб. При слабост, пак, на левата комора (левото срце) растат притисоците во белодробните вени и белодробните капилари, доага до застој на крвта во белите дробови и појава на белодробен едем. Додека десната комора функционира уредно, при слабост на левото срце не доага до застој на крв во системските вени. При слабост на која било комора поради намалениот ударен волумен може да дојде до појава на слабост и бубрежна слабост поради намалениот бубрежен проток.

Работата на левата комора се состои од испумпување под притисок на крв во аортата, и интензитетот на нејзината работа зависи од притисокот и волуменот на испумпаната крв. Слабоста на левата комора може да биде предизвикана од:

1. Притисочно оптоварување (на пр. хипертензија, аортна стеноза) или волуменско оптоварување (на пр. митрална регургитација, тиреотоксикоза). Во поглед на потрошувачката на енергија притисочното оптоварување е поважно од волуменското оптоварување.

2. Масивен или мултипен МИ.

3. Миокардиопатии, односно интринзични болести на срцевиот мускул.

Срцевата слабост може да биде резултат на систолна дисфункција (кога комората не е способна ефикасно да ја испумпува крвта) или дијастолна дисфункција (кога комората не е способна адекватно да се релаксира за да се наполни доволно).

При систолната дисфункција срцето е премногу зголемено за да го одржи адекватниот ударен волумен. Имено, колку повеке миокардните влакна се истегнуваат во тек на дијастолата, толку е појака нивната контракција во тек на систолата. Проширувајки го овој концепт на целото срце тоа значи дека поголемиот енд-диајстолен притисок доведува до појака систолна контракција (Слика 5-1). При систолната дисфункција срцето испумпува помала количина крв при која било вредност на дијастолниот притисок и се проширува (зголемува) за да го компензира тоа.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button