Кардиологија

Синусни аритмии

Одредување на местото на потекло на аритмијата. Доколку Р бранови со нормален изглед претходат на ОК5 комплексите, веројатно се работи за синусен механизам на аритмијата.

 

Одредување на местото на потекло на аритмијата. Доколку Р бранови со нормален изглед претходат на ОК5 комплексите, веројатно се работи за синусен механизам на аритмијата. Варијациите во фреквенцијата на синус ритамот се чести со оглед на сензитивноста на синусниот јазол на дејството на нервните импулси и циркулирачките катехоламини.

Синус тахикардија се јавува при физичко оптоварување или силни емоции, а синус брадикардија се сретнува кај спортисти. Кај многу луге може да се најде извесно отстапување помегу срцевите удари наречено синусна аритмија. Таа настанува поради респираторните ефекти при полнењето на преткоморите, па срцевата акција при инспириум рефлексно се забрзува.

Синусната тахикардија се јавува при повеке болести и состојби, на пр. при хипоксемија или треска, потоа при крвавење, дехидрација и срцева слабост, како и при иритација на синусниот јазол (на пр. при перикардит или преткоморен инфаркт). Исто така, таа може да биде единствен наод при хипертиреоза.

Синусната брадикардија се јавува поради зголемена вагална активност при повракање, но може да се јави и при долен МИ. Исто така, таа е вообичаен наод при хипотиреоза.

Губењето на синусната аритмија може да биде поврзано со дисфункција на автономниот нервен систем, на пр. кај дијабетичната невропатија. Начелно, третманот на синусната тахикардија и брадикардија се состои од третман на болеста која ги предизвикала.

Нормален синусен ритам со фреквенција 60 удари во минута, синус тахикардија со фреквенција 120 удари во минута, синус брадикардија со фреквенција 40 удари во минута и синусна аритмија со неправилен ритам.
Тешките симптоматски синусни брадикардии се лекуваат со имплантирање на пејсмејкер.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button