ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Синусен ритам

ЛекарИнфо редакција22 април 2025
ЕКГ со 12 одводи — нормален синусен ритам
Извор на сликата: Glenlarson · Public domain

Нормалниот синусен или синус ритам е генериран од посебни пејсмејкер (предводнички) клетки локализирани во синусниот јазол во десната преткомора. Во Петриева (РеШ) шолја овие клетки спонтано се деполаризираат еднаш во секунда.

Во десната преткомора тие се место на иницирање на срцевата активност, односно предводници на срцевиот ритам. Бранот на деполаризација од синусниот јазол преку снопови од спроводно ткиво се шири кон атриовен-трикуларниот (АВ) јазол предизвикувајки контракција на преткоморите која на ЕКГ се манифестира со Р бран.

По задржување од околу 100 милисекунди во АВ јазолот, бранот продолжува да се шири преку Хисовиот сноп предизвикувајки деполаризација на миокардот од коморите,односно кон- тракција на коморите, која на ЕКГ се манифестира со С>К5 комплекс. Реполаризацијата на коморите се манифестира со Т бран на ЕКГ.

Слични текстови

Назад кон категоријата: Кардиологија