Ревматска треска
И покрај тоа што ревматската треска може да се појави и кај возрасни, таа е првенствено болест на децата и адолесцентите. Болеста се развива по фарингеална инфекција со стрептококи од групата А веројатно како резултат од имунолошки процес поттикнат од инфекцијата со наведените бактерии.
И покрај тоа што ревматската треска може да се појави и кај возрасни, таа е првенствено болест на децата и адолесцентите. Болеста се развива по фарингеална инфекција со стрептококи од групата А веројатно како резултат од имунолошки процес поттикнат од инфекцијата со наведените бактерии.
Непосредни манифестации на болеста се треска, кардит и миграторен полиартрит. Поретко може да се јави хореа (невролошко оштетување кое се манифестира со неволни движења и емотивна лабилност,
потоа еритема маргинатум и супкутани нодули на екстензорната површина од коскените проминенции. При евалуација на пациент со болест на срцевите залистоци, тој задолжително треба да се праша за евентуално прележана ревматска треска во детството.
Кардитот го зафака перикардот, миокардот и ендокардот. Кај некои пациенти тој може да има фулминантен тек со брз летален крај предизвикан од акутна инсуфициенција на зафатениот залисток или залистоци, срцева слабост или срцева аритмија. Почесто, манифестациите на кардитот во акутната фаза се дискретни или ги нема, а пациентот бара лекарска помош поради болест на срцевите залистоци подоцна во животот не поврзувајки ги актуелните тегоби со прележаната ревматска треска во минатото.
Ревматската треска е рекурентна болест, а кај пациентите кои имале кардит во првиот напад од болеста има поголема веројатност за повторно зафакање на срцето во наредните напади. По прележан прв напад од ревматска треска задолжителна е профилаксата на инфекциите од стрептококи од групата А, а таа се состои од примање на инјекција бензатин пеницилин еднаш месечно. Исто така, треба профилактички да се даваат антибиотици на секој пациент со болест на срцевите залистоци пред инвазивни дентални или хируршки зафати.