ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Пролапс на митралната валвула

ЛекарИнфо редакција18 февруари 2026
Шематски цртеж на пресек низ срцето кој ги прикажува четирите комори (десна и лева преткомора, десна и лева комора) и митралната валвула помеѓу левата преткомора и левата комора, со стрелки што ги нагласуваат латиците на валвулата.
Извор на сликата: Patrick J. Lynch, medical illustrator · CC BY 2.5

При т.н. клик-шум синдром активноста пролабираниот митрален залисток создава систолен шум придружен со еден или повеке кликови во средина на систолата. Пролапсот на митралната валвула (ПМВ) е честа болест што се јавува кај околу 5% од возрасната популација, најчесто кај младите жени.

ПМВ е најчесто асимптоматски, а во последниве години е дијагностициран почесто од што навистина постои поради тоа што во одредени ехокардиографски правци дел од инаку нормалниот митрален залисток изгледа како да е пролабиран. За прецизна дијагноза на болеста постојат јасни дијагностички критериуми, но, сепак, многу луте ја носат дијагнозата на овој синдром, а немаат никакво нарушување на митралниот залисток.

Потенцијални компликации при ПМВ се: ендокардит, акутна митрална регургитација, транзиторна церебрална исхемија поради емболизација, преткоморни и коморни аритмии и ненадејна смрт. Овие пациенти треба да примаат антибиотска профилакса за субакутниот бактериски ендокардит.

Слични текстови

Назад кон категоријата: Кардиологија