ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Нестабилна ангина пекторис

ЛекарИнфо редакција22 мај 2025
Илустрација на постар маж кој чувствува притисок или болка во градите, со дополнителен приказ на срце со стеснета (блокирана) коронарна артерија, што укажува на срцев проблем поврзан со ангина.
Извор на сликата: https://www.myupchar.com/en · CC BY-SA 4.0

Нестабилната АП е форма на АП што се каракетризира со голема зачестеност на ангинозните напади или нивна појава при мирување и во текот на спиењето. Прв знак на нестабилната АП коже да биде зголемената зависност на пациентот со КАБ од ТНГ.

Пациентите со нестабилна АП треба да бидат веднаш хоспитализирани. Овие пациенти имаат тешка форма на КАБ и висока стапка на морталитет од МИ. Преципитирачки фактори на нестабилната АП се: прекинување со примената на терапијата, треска, анемија, срцеви аритмии или тиреотоксикоза. Третманот на овие пациенти мора да биде навремен и агресивен, а се состои од примена на аспирин, нитрати, (3-блокатори или блокатори на калциумовите канали. Доколку болката не се намали интравенски се применува морфин. Хепарин во интравенска инфузија или супкутана апликација на нискомолекуларен хепарин, како и интравенска апликација на ТНГ се следните чекори во третманот на нестабилната АП.

Во некои случаи се применуваат тирофибанот или ептифибатидот, средства кои ја инхибираат агрегацијата на тромбоцитите. Доколку состојбата не се смирува со примена на медикаментозната терапија, кај пациентот треба да се изведе дијагностичка катетеризација на срцето во чии рамки, според потребата, може да биде изведена соодветната интервентна постапка (РТСА или поставување на стент). Кај пациентите кај кои е потребно да се изведе САВС во текот на катетеризацијата може да се постави интрааортална балонпумпа за стабилизирање на состојбата

Слични текстови

Назад кон категоријата: Кардиологија