Митрална регургитација
Митралната регургитација може да биде предизвикана од неколку патолошки процеси покрај ревматската трескa, на пр. дисфункција на папиларните мускули кај пациенти со МИ, проширување на левата комора кај пациенти со левосрцева слабост, оштетување на залистокот или припагачката тендинозна хорда од ендокардит и др.
Хемодинамски нарушувања и природен тек на болеста
Митралната регургитација може да биде предизвикана од неколку патолошки процеси покрај ревматската трескa, на пр. дисфункција на папиларните мускули кај пациенти со МИ, проширување на левата комора кај пациенти со левосрцева слабост, оштетување на залистокот или припагачката тендинозна хорда од ендокардит и др.
При митралната инсуфициенција левата комора во тек на систола испумпува крв во левата преткомора. Левата комора релативно добро се адаптира на зголемениот волумен на крв и енд-дијастолниот притисок не се зголемува позначајно до доцниот стадиум од болеста. Бидејки во дилатаираната лева преткомора се собира поголема количина на крв, а притисочниот градиент со левата комора не е многу висок, при митралната инсуфициенција ретко се јавува белодробен едем, хемоптизи и системска тромбоемболија. Сепак, може да дојде до развој на левосрцева слабост. Заморот и интолеранцијата на напор, односно симптомите Љто се јавуваат како резултат на малиот минутен волумен, се поизразени во однос на симптомите што се јавуваат како резултат од стаза во белите дробови.
Акутната митрална инсуфициенција, за разлика од хроничната форма, е со многу полоша прогноза поради брзиот развој на акутен белодробен едем и шок. Во овие случаи за спасување на животот е неопходна итна хируршка интервенција, а болеста се јавува поради руптура на папиларен мускул кај пациенти со МИ или поради руптура на тендинозна хорда кај пациенти со хронична ревматска болест на срцето со или без суперпониран ендокардит.
Физикален наод
Шумот на митрална регургитација е холосистолен, најдобро се аускултира над срцевиот врв и типично се шири кон назад, односно кон левата аксила. Поретко шумот ирадира кон базата на срцето кога може да биде заменет со шумот на аортна стеноза. Типично, шумот е придружен со ослабнат или изгубен прв срцев тон и нагласен трет срцев тон. Третиот срцев тон може да биде придружен со краток и силен шум на почетокот од дијастолата поради зголемениот проток на крв низ митралното устие. Компензаторното зголемување на левата комора може да се регистрира со палпација како проширен и силен удар на врвот на срцето.
Терапија
Евалуацијата на пациент со хронична митрална регургитација се состои од испитувања за големината и функцијата на левата комора. Контрола на преткоморната фибрилација може да се постигне со примена на дигоксин, Р-блокатори или блокатори на калциумовите канали. Раните симптоми се смируваат со примена на диуретици, а намалувањето на ударниот и минутниот волумен со инхибитори на ангиотензин-конвертирачкиот ензим (АКЕ инхибитори).
Катетеризација на срцето кај пациент со хронична митрална инсуфициенција е потребна за одредување на степенот на регургитација на крв низ митралното устие, како и на одредување на тоа колку регургитацијата се должи на болест на митралниот залисток,а колку на дисфункција на миокардот или папиларните мускули. Хируршки зафат се препорачува кај (1) симптоматски пациенти, (2) брзо намалување на ежекционата фракција на левата комора или (3) зголемување на енд-дијастолниот пречник на левата комора над 45 тт. Кај некои пациенти можна е репарација на оштетениот митрален залисток, додека кај други е потребно имплантирање на вештачки залисток. При репарација или реконструкција на митралниот залисток треба да се примаат антикоагуланси и кај пациенти со синусен ритам на срцето.
Акутната митрална регургитација е животнозагрозувачка состојба. Во овие случаи е потребна итна стабилизација на хемодинамиката (на пр. со примена на интрааортна балон пумпа), а потоа следи хируршка корекција на оштетениот залисток.