Кардиологија

Констриктивен перикардит

При хронично воспаление на перикардот често доага до создавање на лузни кои калцифицираат и адхерираат со миокардот предизвикувајки помали или поголеми нарушувања во полнењето на коморите.

 

При хронично воспаление на перикардот често доага до создавање на лузни кои калцифицираат и адхерираат со миокардот предизвикувајки помали или поголеми нарушувања во полнењето на коморите. Како резултат на констрикцијата на миокардот при потешките форми се развива клиничка слика на десносрцева слабост.

Вратните вени се набрекнати што е особено изразено при инспириумот бидејки десната преткомора не може да се прилагоди на зголемениот прилив на крв при вдишувањето. Инспираторното зголемување на југуларниот притисок се нарекува Кузмалов (Киз5таи1) знак. Со хемодинамските мерења се гледа брзо полнење на коморите поради зголемениот венски притисок со брзо достигнување на нивната максимална експанзија, односно брзо достигнување на енд-дијастолниот притисок. Бидејки ригидниот перикард го спречува респираторниот пораст на полнењето на коморите во дијастола, респираторните варијации во вредностите на крвниот притисок и парадоксалниот пулс не се карактеристични за констриктивниот перикардит.

На аускултација може да се чуе ран дијастолен клик, но перикардното триење е редок аускултаторен наод. На рендгенграфија често се гледа мала сенка на срцето и перикардни калцификати. Преткоморна
фибрилација, ниска волтажа и неспецифични промени на Т брановите се чест наод на ЕКГ. Дијагнозата се потврдува со хемодинамски мерења кои се изведуваат со катетеризација на срцето.

Клинички, констриктивниот перикардит прогредира незабележително, при што кај голем дел од пациентите може воопшто да нема кардијални симптоми. Градната болка ретко се сретнува бидејки активната фаза на воспалението е завршена. Како резултат од зголемениот венски притисок може да се појави асцит или периферни едеми. Некои пациенти со асцит што потекнува од констриктивен перикардит погрешно се лекуваат, односно се лекуваат како да имаат примарна болест на црниот дроб. Премаленоста се јавува поради намалениот минутен волумен. Диспнеата е честа, но нејзиното потекло е нејасно. Застој во белите дробови не е карактеристичен за констриктивниот перикардит, а во левата комора нема зголемен прилив на крв. Поради зголемениот венски притисок отежната е лимфната дренажа од цревата, па кај некои пациенти може да се појави губење на протеини, односно ентеропатија со губење на протеини. Кај некои пациенти може да се појави нефротски синдром, а причината е непозната. Нефротскиот синдром и ентеропатијата можат да се повлечат по хируршкиот третман на болеста.

Почетната епизода на констриктивниот еприкардит најчесто се превидува и неговата причина останува непозната. Во секој случај, дијагностицирањето на болеста е важно бидејки со хируршкиот третман најчесто се повлекуваат симптомите на болеста.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button