Катетеризација на срцето кај човек е првпат из ведена од Вернер Форсман (\Уегпег Богббтап) во 1929 год. Игнорирајки ги забраните од неговиот шеф, Форсман кај самиот себе внел уретерален ка тетер преку вена на раката до десната преткомора, а позицијата на внесениот катетер ја потврдил со рендгенграфија.
За својата работа во полето на карди ологијата Форсман во 1956 год. ја добил Нобеловата награда.
Примената на катетеризацијата на срцето може да се подели во две категории:
1. Катетеризација на празнините од десното срце и на белодробните крвни садови што рутински се иззедува во единиците за интензивна нега за сле дење на функцијата на срцето.
2. Катетеризација на левата комора и на коронарни те артерии што се изведува во специјализирани лаборатории, а обично претходи на коронарна ангиопластика и на хируршки интервенции на срцето.
