Kateteризација на левото срце
Катетеризацијата може да се изведува и ретроградно, односно преку брахијалната или феморалната артерија да се оди назад кон аортата и левата комора. Исто така, при оваа постапка може да се мерат притисоците, како и да се инјектира боја (контраст). Хируршките интервенции при комплицираните срцеви мани во значителна мерка се олеснети со катетеризацијата на левото срце. Исто така, со инјектирање на боја во левата или десната коронарна артерија може да се одреди степенот на тежина на КАБ и да се подготви пациентот за САВС или коронарна ангиографија.
Индикации
Индикации за катетеризација на левото срце се:
1. Изведување на дијагностичка коронарна ангиографија (коронарографија) со пласирање на катетерот во коронарните устија на коренот од аортата и инјектирање на боја (контраст) по што следи графија со камери со голема брзина (синеангиографија). На овој начин од различни правци се прикажуваат коронарните садови, при што можат да се регистрираат оклузивните лезии и нивната големина. При тешка КАБ се регистрира и состојбата на коронарните садови дистално од местото
на стескување, како и колатералната циркулација, додека кај пациентите со претходен САВС може да се процени состојбата на графтот.
2. Изведување на вентрикулографија на левата комора со пласирање на катетерот во празнината од левата комора, инјектирање на контраст и цинеангиографско снимање можат да се регистрираат нарушувања во движењето на бидот на левата комора, а може да се пресмета и ежекционата фракција. Исто така, со вентрикулографија на левата комора може да се види аневризма^на комората, интракардијални творби и тромби, како и митрална регургитација. Со инјектирање на контраст во коренот на аортата (аортографија) може да се регистрира аортната регургитација, како и аневризма или дисекција на аортата.
3. Мерење напритисоците во левата комора и аортата, што е особено важно кај пациенти со митрална или аортна стеноза за проценка на тежината на болеста и донесување на одлука за хируршки зафат.
4. Изведување на перкутани тераписки коронарни интервенции (регсиШпеоиз согопагу тсегуепИот РС1$) какви што се: РТСА, поставување на стент, валвулопластика на митралниот залисток, решавање на некои вродени дефекти (на пр. атријален септален дефект). Можностите за изведување на други интервенции (на пр. атеректомија) се истражуваат.
Компликации
Компликации на катетеризацијата на левото срце се: оштетување на зидот на крвниот сад на место на инсерцијата, артериска тромбоемболија, анафилаксија предизвикана од сензибилизација на употребениот контраст, МИ, мозочен удар и смрт. Во специјализираните установи зачестеноста на наведените компликации е пониска од 1%. Транзиторва хипотензија и/или срцева аритмија често се јавуваат при пласирање на катетерот и при инјектирање на контрастот. Поради волуменското и осмотоското оптоварување на циркулацијата многу ретко може да настане белодробен едем. Бубрежна инсуфициенција предизвикана од употребениот контраст може да настане кај пациенти со пре-егзистирачка бубрежна слабост, особено кај дијабетичарите. Поради тоа, видот и количината на контрастот треба да бидат грижливо избрани, а, исто така, по завршената катетеризација внимателно треба да се следат евентуалните промени во количината и составот на урината и бубрежната функција.