ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Катетеризација на десното срце

ЛекарИнфо редакција9 февруари 2025
На сликата се гледа Swan-Ganz катетер за термодилуција (со неколку жолти, сини и бели лумени) поставен врз отвореното стерилно пакување со упатство, кој се користи за катетеризација на десното срце.
Извор на сликата: ICUnurses · CC BY-SA 4.0

Со катетер за пулмоналната артерија (Свон-Ганцов катетер) преку периферна вена од раката може да се влезе во V. горната сауа, па преку десната преткомора и десната комора да се дојде до белодробната артерија. При минувањето на катетерот може да се измери притисокот во вените, десната преткомора и комора и белодробната артерија При внесување на катетерот во централната циркулација со надувување на балон сместен до неговиот врв тој бидува понесен од крвната струја и како клин се заглавува во некоја мала артерија од белодробната мрежа. Бидејки заглавениот катетер го прекинува крвниот проток низ таа артерија, може да го измери крвниот притисок антероградно, односно во левата преткомора, кој поради тоа е наречен белодробен капиларен притисок

Индикации

Индикациите за примена на Свон-Ганцовиот катетер се:

1.            Разјаснување на непознаниците за притисокот на полнење на левата комора што е од особена важност кај пациентите со хипотензија. Висок РС\\ГР говори за кардиоген белодробен едем, додека ниската. вредност на РСАЛФ укажува на хиповолемија. Со мерење на вредноста на РСУ/Р се овозможува одредување на водниот баланс на пациентот. Ова е од особена важност кај пациентите со нарушена функција на левата комора кај кои е потребен висок притисок на полнење за да се одржи ударниот волумен, а кај кои постои опасност од настанување на белодробен едем. Свон-Ганцовиот катетер рутински се применува кај пациентите во шок, потоа кај пациентите со масивен МИ, како и кај пациентите со болест на белите дробови и срцето кај кои не е јасно во која мерка хипоксемијата се должи на белодробната болест, а во која мерка на стазата во белите дробови поради слабост на левата комора.

Југуларниот венски притисок, мерен на вратните вени, го одразува притисокот во десното, но не и во левото срце. Тој може да биде нормален кај пациенти со левосрцева слабост се дури десната комора функционира нормално. Југуларниот венски притисок е зголемен кај пациентите со белодробно срце или болест на трикуспидалниот залисток независно од функцијата на левата комора.

1.            Мерење на минутниот волумен на срцето со СвонГанцов катетер се изведува со инјектирање на студена вода, боја или физиолошки раствор низ страничен отвор на катетерот. По нејзиното разредување во топлата крв, таа се исфрла од десната комора при што доага до термометар на крај од катетерот. Според разликата во температурата на крвта на врвот од катетерот се пресметува волуменот на крвта во кој е разредена инјектираната вода (боја или физиолошки раствор), односно ударниот волумен на левата комора. Минутен волумен на срцето е збирот од неговите ударни волумени во една минута. Кардијален индекс е количникот помегу минутниот волумен и телесната

површина на човекот, а претставува стандардизиран параметар кој овозможува споредба на луге со различни телесни пропорции. Нормалната вредност на кардијалниот индекс изнесува 2,5 до 4,2 1/тт/т2, а неговата вредност пониска од 1,8 1/ тт/т2укажува на кардиоген шок.

2.            Мерење на притисокот во десната комора со Сван-Ганцовиот катетер се изведува за евалуација на степенот на тежина на белодробната хипертензија.

3.            Евалуација на лево-десен шант се изведува со споредување на вредностите на сатурација со кислород на крвта од десното срце и V. сауа. Наодот на повисока вредност на сатурацијата со кислород на крвта од десната преткомора или комора со онаа од V. сауа е суспектен за постоење на леводесен шант.

Компликации

Компликациите при пласирање на Свон-Ганцовиот катетер не се ретки. Се случува при мерењето на РСУ/Р да настане белодробен инфаркт. Од друга страна, врвот на катетерот може да го пробие зидот на белодробната артерија и да предизвика животнозагрозувачко крвавење со обилни хемоптизи. Локалната инфекција и тромбозата се други можни компликации при пласирање на Свон-Ганцовиот катетер. Вентрикуларни екстрасистоли или блок на десната гранка се компликации што можат да се јават при минување на катетерот низ десната комора.

Слични текстови

Назад кон категоријата: Кардиологија