Кардиологија

Kардиомиопатија

Кардиомиопатиите или миокардиопатиите се болести на срцевиот мускул. Терминот е одбран за да се исклучат вродените болести на срцето, КАБ и болестите на срцевите залистоци.

 

Кардиомиопатиите или миокардиопатиите се болести на срцевиот мускул. Терминот е одбран за да се исклучат вродените болести на срцето, КАБ и болестите на срцевите залистоци. Се разликуваат три типа на кардиомиопатии:

1. Дилататаивна (конгестивна) кардиомиопатија е најчеста кардиомиопатија. На радиограмот кај овие пациенти се гледа голема срцева сенка поради бивентрикуларната дилатација.

2. Кај рестриктивната (недилатативна, нехипертрофична) кардиомиопатија големината на срцето е нормална, но кај пациентот постојат симптоми и знаци на срцева слабост. Малите и крути комори со отежнато полнење во дијастола се причина за појавата на срцева слабост.

3. Кај хипертрофичната (недилатативна) кардиомиопатија постои хипертрофија на левата комора без идентификувана причина (на пр. хипертензија или аортна стеноза). Ударниот волумен на левата комора може да биде намален, како и нејзиното отежнато полнење во дијастола

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button