Кардиологија

Хипертензивна криза

Акцелерирана или малигна хипертензија се нарекува потенцијално фаталниот синдром што ретко се развива кај пациентите со хипертензија, а при кој во тек на кратко време (часови) доага до нагло зголемување на вредноста на крвниот притисок и оштетување на целните органи.

Акцелерирана или малигна хипертензија се нарекува потенцијално фаталниот синдром што ретко се развива кај пациентите со хипертензија, а при кој во тек на кратко време (часови) доага до нагло зголемување на вредноста на крвниот притисок и оштетување на целните органи.

Вредностите на крвниот притисок што доведуваат до настанување на овој синдром кај различни пациенти се различни, а зависат од причината и траењето на постојната хипертензија. Иако вредностите на дијастолниот притисок повисоки од 140 ттН§ се земаат како индикатор за можност за развивање хипертензивна криза, тие се помалку важни од клиничкиот наод.

При големо и нагло зголемување на крвниот притисок доага до изразени промени во мрежницата, едем на папилата на оптичкиот нерв, прогресивна бубрежна слабост и хипертензивна енцефалопатија. Клиничката слика на хипертензивната енцефалопатија се состои од тешка главоболка, конвулзии, агитација или кома.

Животнозагрозувачките компликации, какви што се белодробниот едем, МИ, акутната бубрежна слабост или интракранијалната хеморагија, често се јавуваат кај овие пациенти. Од друга страна, зголемувањето на крвниот притисок до екстремни вредности што не е придружено со знаци на прогресивно оштетување на целните органи треба ургентно да се коригира, но не се препорачува парентерална примена на антихипертензиви, па дури ни хоспитализација на пациентот.

Патогенезата на акцелерираната хипертензија е нејасна. Нејзината појава можеби е резултат од хиперплазија на интимата на малите бубрежни артерии што доведува до карактеристична фибриноидна некроза. Консекутивното ослободување на големи количини ренин можеби е причина на драматичниот пораст на крвниот притисок. Акцелерираната хипертензија може да се јави во рамките на феохромоцитомот, зголемениот интракранијален притисок или еклампсијата. Можеби најчесто таа се јавува при нагло прекинување на примената на некои антихипертензиви (пропранолол, клонидин и др.). Исто така, кај пациентите кои примаат инхибитори на моноаминооксидазата може да настане хипертензивна криза доколку консумираат храна или примаат лекови што содржат тирамин или доведуваат до ослободување на катехоламини.

За да се спречи потенцијалниот летален крај и да се сочува бубрежната функција треба да се преземат агресивни мерки за намалување на крвниот притисок, а лекувањето се изведува во единица за интензивна нега. Брзо намалување на крвниот притисок е индицирано кај пациентите со едем на папилата, олигурија или енцефалопатија. Како резултат од нагло снижување на крвниот притисок може да дојде до појава на мозочен удар или слепило, па поради тоа е потребно постојано следење на вредноста на притисокот, обично преку поставен артериски катетер.

Почетна цел на лекувањето е постепено намалување на вредноста на дијастолниот крвен притисок до вредност од околу 100 ттН§ Стандарден лек за третман на животнозагрозувачките хипертензивни кризи е нитропрусидот кој се применува со постојано следење на вредноста на крвниот притисок. Нитропрусидот е директен вазодилататор, а се аплицира со интравенска инфузија. Во случаи кога почетната доза на нитропрусид е премногу висока доага до појава на тешка хипотензија. Од тие причини, брзината на инфузијата се прилагодува за постигнување на рамномерно и предвидливо намалување на вредноста на крвниот притисок. Метаболити на нитропрусидот се цијанидот и тиоцијанатот, па поради тоа треба да се избегнува неговото примање подолго време во високи дози. Несакани ефекти на наведените метаболити на нитропрусидот се метаболна ацидоза, слабост и централни ефекти што можат да прогредираат до кома.

Лабеталолот, блокатор на а и Р адренергичните рецептори, го намалува крвниот притисок со
намалување на периферниот васкуларен отпор и на контрактилноста на миокардот. Парентералната примена на лабеталол ефикасно го намалува притисокот кај пациентите со акцелерирана хипертензија.
Кај пациентите со многу високи вредности на систолниот и дијастолниот притисок без невролошки, кардиоваскуларни и/или бубрежни оштетувања орално или сублингвално применетиот нифедипин е обично ефикасен за негово намалување. При лекувањето на овие пациенти потребно е нивно следење во наредните неколку часови.

По стабилизирање на крвниот притисок на прифатливи вредности треба да се продолжи со адекватна антихипертензивна терапија. Кај пациентите кај кои се јавила акцелерирана хипертензија постои ризик за појава на нови епизоди на изразено и нагло зголемување на крвниот притисок.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button