Евалуација на болестите на срцевите залистоци
Почетната проценка на болестите на срцевите залистоци се состои од пет основни елементи:
1. Анамнеза. Од анамнезата се добиваат податоци за ревматска треска, срцева слабост, ендокардит, АП или синкопа.
Почетната проценка на болестите на срцевите залистоци се состои од пет основни елементи:
1. Анамнеза. Од анамнезата се добиваат податоци за ревматска треска, срцева слабост, ендокардит, АП или синкопа.
2. Физикален преглед. Срцето треба внимателно да се аускултира со цел да се откријат дискретни шумови, кликови или ритам на галоп, а со палпација треба да се тражат знаците за преткоморна или коморна хипертрофија. При инспекција треба да се обрати внимание на состојбата на југуларните вени за проценка на притисокот во десната преткомора кој е зголемен во случаите на трикуспидална регургитација. Со нежна палапција на каротидните артерии може да се добие увид во степенот на тежина на аортната стеноза или регургитација. Исто така, треба да се бараат знаците надесно или левосрцева слабост.
3. РендГенграфија. Со графија на градниот кош се добиваат податоци за зголемување.на димензиите на преткоморите или коморите, калцификати на залистоците и за застој во белите дробови.
1. ЕКГ. На ЕКГ можат да се видат знаците на преткоморна и коморна хипертрофија, како и аритмиите кор! се многу чести при овие болести.
2. ЕхокардиоГрафија. Трансторакалната ехокардиографија е неинвазивна и безболна метода со која се прикажуваат структурите на срцето и се следи протокот на крв низ срцевите празнини. Пиезоелектричниот кристал поставен на површината од телото емитува звучни бранови над слушниот праг на човековото уво (ултразвук) кои се одбиваат од срцевите структури (миокард, перикард, залистоци).
Со дводимензионалната ехокардиографија директно (во исто време) се прикажуваат овие структури, а правецот и брзината на движењето на крвта низ срцевите празнини може да се квантифицираат со Доплер (Ворр1ег) ехокардиографија, а со преносот на овие податоци на дводимензионалнот ехо се прикажува протокот на крв низ одделните делови од срцето. На овој начин се добива увид во состојбата на валвуларниот отвор и за хемодинамското значење на лезиите на срцевите залистоци. Прецизноста на ехокардиографијата во дијагностиката на болестите на срцевите залистоци во последниве години е толку зголемена што често не е потребна кататеризација на срцето пред изведување на хируршки зафат за корекција на оштетувањата на залистоците.
Трансезофагеалната ехокардиографија (ТЕЕ) е нешто поинвазивна метода затоа што сондата се пласира во долниот дел од хранопроводникот со што таа е поблиску до срцето, особено до левата преткомора. Оваа метода се применува кога дијагностичките можности на трансторакалната ехокардиографија се ограничени. Исто така, ТЕЕ има висока сензитивност за детекција на тромби во преткоморите, вегетации на залистоците, дисфункција на импалнтираната валвуларна протеза, а таа често се користи интраоперативно како водич при хируршката корекција на оштетувањата на залистоците.
Нормаден срцев циклус
На слика 4-1 се прикажани притисоците во левата комора и во аортата и времето на настанување на срцевите тонови. Иако описот се однесува само на активноста на левото срце, истите активности се случуваат и во десното срце. На почетокот од систолата на левата комора притисокот во неа расте, ја надминува вредноста на притисокот во левата преткомора со што се затвора митралниот залисток. Од затворањето на митралниот залисток произлегува првиот срцев тон (5,). Кога вредноста на притисокот во левата комора ке ја надмине вредноста на притисокот во аортата што доведува до отворање на аортниот залисток. Притисоците во левата комора и во аортата се изедначени при празнењето на левата комора.
Кога контракцијата на левата комора привршува, вредноста на притисокот во неа се намалува под вредноста на притисокот во аортата при што доага до затворање на аортниот залисток и појава на вториот срцев тон (52). При аускултација се слушаат две компоненти на вториот срцев тон: првата е звукот на затворање на аортниот залисток (А,), а втората звукот на затворање на пулмоналниот залисток (Р ). Во тек на инспириум можат да се слушнат двете компоненти на вториот срцев тон поради поголемиот венски прилив во десното срце и подоцното затворање на пулмоналниот залисток. Кога вредноста на притисокот во левата комора ке се намали под вредноста на притисокот во левата преткомора се отвора митралниот притисок и доага до изедначување на притисоците.
Срцеви шумови
Срцевите шумови настануваат поради турбулентниот тек на крвта низ оштетените залистоци или поради зголемен волумен на крв низ нормалните залистоци. Карактерот, локализацијата, интензитетот и правецот на ширење ја одразуваат локализацијата и степенот на оштетување на срцевиот залисток. Во тек на систола аортниот и пулмоналниот залисток се отворени, а митралниот и трикуспидалниот залисток затворени. Ситолните шумови настануваат поради стеноза на аортниот или пулмоналниот залисток, односно поради инкомпетенција (инсуфициенција) на митралниот или трикуспидалниот залисток.
Во тек на дијастола аортниот и пулмоналниот залисток се затворени, а митралниот и трикуспидалниот отворени. Дијастолниот шум означува некомпетенција на аортниот или пулмоналниот залисток, односно стеноза на митралниот или трикуспидалниот залисток.
Срцевите шумови обично ирадираат во правец на протокот на крв од соодветниот залисток. Така, на пример, шумот на митрална регургитација се шири кон аксилата, додека шумот на аортна стеноза се шири кон вратот.