Дилатативна кардиомиопатија
Најголеми проблеми кај пациентите со дилатативна кардиомиопатија се срцевата слабост, аритмиите и белодорбната тормбоемболија. Типично, кај овие пациенти доага до незапирлива прогресија на болеста која може да трае недели, месеци или години.
Најголеми проблеми кај пациентите со дилатативна кардиомиопатија се срцевата слабост, аритмиите и белодорбната тормбоемболија. Типично, кај овие пациенти доага до незапирлива прогресија на болеста која може да трае недели, месеци или години. Почетокот на болеста обично тешко се одредува, а во анамнезата важен е податокот за перманентна прогресија на симптомите, за разлика од анамнезата за епизодична појава на симптомите со периоди на релативна стабилност што се сретнува кај пациентите со КАБ.
Дилататаивната кардиомиопатија е најчесто идиопатска, но може да биде наследна, како и поврзана со алкохолизам, инфекција или перипарталниот период.
Типови на дилатативна кардиомиопатија
Идиопатска дилатативна кардиомиопатија.
Кај пациентите со идиопатска дилатативна кардиомиопатија срцето е огромно, а тие се јавуваат на лекар поради симптомите на срцева слабост. Друти симптоми што можат да се јават кај овие пациенти се резултат на аритмиите или на системската или белодробната тромбоемболија. Високиот притисок во левата преткомора доведува до појава на белодробен едем со диспнеа и ортопнеа кој може да има фулминантен тек. Високиот притисок во десната преткомора доведува до набрекнати вратни вени, периферни едеми и асцит.
Пациентите се премалени поради нискиот ударен волумен, а кожата им е студена и леплива поради периферната вазоконстрикција. Крвниот притисок енормален или низок, а пулсот мек и слаб. Честа појава се синусната тахикардија, атријалната фибрилација, како и суправентрикуларните и вентрикуларните екстрасистоли. Апексот на срцето е поместен латерално поради зголемената лева комора, а зголемената десна комора може да се протега до левиот раб од стернумот. Шумовите на митрална или трикуспидална регургитација често се аускултираат, а се јавуваат поради дисфункцијата на папиларните мускули во зголемените комори. Третиот и четвртиот срцев тон, односно ритамот на галоп, се слушаат кај скоро сите пациенти.
ЕКГ наодот е ретко уреден, но промените се неспецифични. Најчести промени се ниска волтажа на С)К.5 комплексите, неспецифични нарушувања на 5Т сегментот и Т бранот, промени на срцевата оска, суправентрикуларни и вентрикуларни екстрасистоли, блокови на гранка и др. Наодот на 0 запци може лажно да сугерира прележан МИ.
Радиолошкиот наод се состои од зголемени комори и преткомори, а често се сретнуваат и знаци на белодорбен застој (едем). Дилатирани комори и дифузно ослабнати движења на коморните зидови се вообичаениот наод од ехокардиографијата и радиоизотопните испитувања.
Диференцијално-дијагностички предвид треба да се земат следниве болести на срцето:
1. КАБ може да се манифестира со симптомите и знаците на АП или МИ, но може да биде и асимптоматска. Многу случаи на срцева слабост кај пациенти со напредната возраст се должат на повторувачки МИ, па некои кардиолози го употребуваат терминот кардиомиопатија предизвикана од КАБ.
2. Аневризми на левата комора се подрачја на акинезија (потполно отсуство на движење на еден дел од бидот на левата комора) или дискинезија (парадоксално движење, односно ширење во тек на систола на дел од бидот на левата комора), а се јавуваат во подрачјата на инфарциран миокард. Доколку се големи доведуваат до дисфункција на левата комора, а во случаи кога функцијата на преостанатиот дел од миокардот е сочувана со ресекција на аневризмата симптомите на срцева слабост драматично се подобруваат.
3. Излив во перикардот може да биде причина за зголемена срцева сенка на рендгенграмот. Клинички, пациентот нема срцева слабост, ниту, пак, симптоми и знаци на белодробен едем. Доколку изливот не го намалува значајно полнењето на коморите во дијастола, нема симптоми и знаци на мал ударен волумен, ниту за зголемување на системскиот венски притисок.
4. При аортната стеноза ретко може да не се аускултира систолен шум, обично во случаите со изразено нарушена функција на левата комора кога мала количина на крв се испумпува низ стеснетото аортно устие. Тешката аортна стеноза скоро никогаш не оди без калцификати на стенотичниот залисток кои можат да се видат на радиограм.
Алкохолна и токсична кардиомиопатија.
Алкохолната кардиомиопатија е дилатативна кардиомиопатија која по патолошкиот супстрат не се разликува од идиопатската кардиомиопатија. Алкохолот ја нарушува функцијата на левата комора и повеке алкохоличари имаат лесна дисфункција на левата комора. Алкохолната кардиомиопатија се развива по 5 до 10 години од секојдневно внесување на поголеми количини алкохол. Доколку пациентот продолжи да пие алкохол по развивањето на кардиомиопатијата доага до летален крај за 2 до 3 години. Кај повекето пациенти прекинувањето на пиењето доведува до стабилизација на состојбата на срцето или нејзино вракање на нормала.
Освен од етанолот, дилатативната кардиомиопатија може да биде предизвикана и од други токсични супстанции. Така, кобалтот применет како стабилизатор на пената од пиво бил поврзан со епидемија од фулминантна дилатативна кардиомиопатија во шеесеттите години во Квебек. Исто така, доксорубицинот и даунорубицинот, два цитостатика, може да предизвикаат дилатативна кардиомиопатија, особено ако се комбинирани со радиотерапија при која се зрачи и срцето.
Дилатативна кардиомиопатија поврзана со инфекции.
Акутниот миокардит, воспаление на миокардот со дегенерација на мускулните влакна, се манифестира со треска, градна болка, аритмии и транзиторна срцева слабост, а обично завршува со повлекување на симптомите без секвели на срцевиот мускул. Се смета дека е предизвикано од некои вируси, на пр. Коксаки (Сохбас1ае) В вирусите. Резултатите од повеке истражувања укажуваат на мала ефикасност од терапијата со кортикостероиди/азатиоприн, кортикостероиди/циклоспорин или високи дози на имуноглобулини во поглед на морталитетот, клиничките манифестации и функцијата на левата комора. Инфективните причини на дилатативната кардиомиопатија се почести во некои делови од светот. Во Јужна Америка неколку милиони луге боледуваат од Шагасовата (Сћа^аз) болест којашто се манифестира со срцева слабост, аритмии и блок на десната гранка, а е предизвикана од ендемскиот паразит Тгурапозота сгигг. Вирусот на хумана имунодефициенција, исто така, може да предизвика дилатативна кардиомиопатија со своето директно дејство на миокардот, дејството на други вируси во рамките на болеста или преку автоимуна реакција. Зачестеноста на дилатативна кардиомиопатија кај болните од сида се проценува на 16/1.000.
Дилатативна кардиомиопатија во тек на пуерпериумот.
Срцевата слабост што се појавува во пуерпериумот е ретка форма на дилатативна кардиомиопатија во САД, но, од друга страна, најчеста болест на срцето во некои делови на Африка. Болеста има спонтана ремисија, со тенденција на рецидив при наредните бремености.
Инфилтративна дилатативна кардиомиопатија.
Кај повеке системски болести, на пр. саркоидоза, хемохроматоза, мускулни дистрофии и др., може да се јави бивентрикуларна срцева слабост и аритмии што може да се докаже со трансвенозна биопсија на миокардот на десната комора. Дилатативната кардиомиопатија при хемохроматоза поволно реагира на отстранувањето на железо од организмот со неделни флеботомии, додека кај саркоидозата поволно дејство има примената на кортикостероиди.
Терапија
Третманот на дилатативната кардиомиопатија е идентичен со третманот на срцевата слабост од која било етиологија, односно примена на инхибитори и блокатори на АКЕ, диуретици, дигиталис, (3-блокатори, како и антикоагуланси за превенција на тромбоемболија.