Кардиологија

Брадиаритмии и срцеви блокови

Бавната акција на срцето може да биде резултат од синусна брадикардија, прекин на активноста на синусниот јазол или од блокирање на спроводниот систем на срцето. Намалувањето на ударниот волумен што притоа се јавува може да доведе до синкопа.

Бавната акција на срцето може да биде резултат од синусна брадикардија, прекин на активноста на синусниот јазол или од блокирање на спроводниот систем на срцето. Намалувањето на ударниот волумен што притоа се јавува може да доведе до синкопа.

Синдромот на болен синусен јазол (зкк бтш зупскоте) се манифестира со брадикардија, но кај дел од пациентите се јавуваат епизоди од суправентрикуларна тахикардија (брадикардија-тахикардија синдром) и кај овие пациенти постои висок ризик од тромбоемболија.

Блок во спроведувањето на импулсите (срцев блок) може да настане на кое било ниво долж целиот спроводен систем на срцето. Блокот може да биде физиолошки одговор, на пр. при преткоморна фибрилација кога АВ јазолот не може да ги спроведе сите импулси во коморите. Од друга страна, срцевиот блок може да настане како резултат од исхемично оштетување или фиброза на спроводниот систем на срцето. Постојат три типа на срцеви блокови:

1. АВ блок од прв степен, при кој по секој Р бран следи СЖ8 комплекс, но РК интервалот е продолжен, односно трае подолго од 20 милисекунди, поради подолго задржување на импулсот во АВ јазолот.

2. АВ блок од втор степен, при кој преку АВ јазолот не се пренесуваат сите импулси од синусниот јазол, односно по некои Р бранови не се јавува ОК8 комплекс. АВ блокот од втор степен се јавува во две варијанти. Првиот тип, односно Венкебаховиот (У/епскеђасћ) блок се јавува поради болест на АВ јазолот, а се манифестира со прогресивно продолжување на РК интервалот се додека по Р бранот не се појави СЈКЗ комплекс. Вториот тип се јавува поради болест над АВ јазолот и се манифестира со изостанување на одделни СЈКЗ комплекси без промени во траењето на РК интервалот.

3. АВ блокот од трет степен, односно комплетниот срцев блок, ниту еден Р бран не доага до коморите, а нивните контракции се иницирани од некој коморен фокус што емитира импулси потполно независно од преткоморната активност.

При АВ блокот од прв степен и Венкебаховиот блок не е потребен итен третман. Обата типа блокови можат да се јават поради зголемен вагален тонус и кај здрави лица, потоа при терапија со дигиталис или при воспаление на АВ јазолот во рамки на ревматскa треска или бактериски ендокардит. Исто така, овие блокови можат да се јават при долен МИ поради зафакањето на АВ јазолот и обично се коригираат без терапија.

Вториот тип на АВ блок од втор степен и АВ блокот од трет степен се многу посериозни состојби. Тие настануваат како резултат од идиопатска склероза на спроводниот систем или фиброкалцифицирачка дегенерација на миокардот. Исто така, тие можат да се јават во рамки на масивен преден МИ или при дифузните болести на миокардот. При хронични оштетувања на спроводниот систем поради намалениот ударен волумен се јавуваат ненадејни епизоди од губење на свеста, односно Адамс-Стоукс-ови (АсктзЗшкез) напади.
Поставувањето на пејсмејкери во срцето ја превенираат појавата на синкопи и ненадејната смрт што можат да се јават при брадикардиите. Електродите се внесуваат преку периферна вена во десната комора, десната преткомора или и во двете празнини од десното срце. Нивната електрична активност (поврзани се со батерија) овозможува создавање на импулси со задоволителна фреквенција кои се шират низ срцето и ја предводат неговата активност. Во текот на последниве 30 години постигнат е голем напредок во функционирањето на пејсмејкерите, односно од пејсмејкери со фиксна зачестеност на емитирање импулси до пејсмејкери кои се активираат само кога тоа е потребно. Двокоморните пејсмејскери можат да ја координираат преткоморната и коморната активност, па во случај на помал ударен волумен ја активираат преткоморната контракција со што се зголемува волуменот на крв во комората и ударниот волумен. Активноста на повеке видови пејсмејкери може да бидат програмирана според индивидуалните потреби на пациентот.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button