ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Болести на срцевите залистоци

ЛекарИнфо редакција7 декември 2025
Модерен МРИ (магнетна резонанца) апарат во болничка просторија, подготвен за преглед на пациент.
Извор на сликата: Jan Ainali · CC BY 3.0

Најважна одлука што треба да се донесе кај пациент со болест на срцевите залистоци е одредување на времето за хируршки зафат. Хируршки зафат не е потребен кај сите пациенти со болест на срцевите залистоци, но, кај тие што е потребен, доколку се пропушти времето за хируршка корекција може да дојде до појава на срцева слабост при која изведувањето на хируршки зафат носи голем ризик од летален крај на болниот.

 

Фармаколошкиот третман на овие болести се состои од лекување на срцевата слабост и аритмиите што често се јавуваат кај овие пациенти. Профилактичка примена на антибиотици е потребна при стоматолошките интервенции или инвазивните постапки затоа што при нивно изведување може да настане бактериемија и дополнително оштетување на веке оштетениот залисток.

Нормалните срцеви залистоци (валвули) се тенки ливчиња (кусписи) од сврзно ткиво. Митралниот залисток се состои од две такви ливчиња, додека трикуспидалниот, аортниот и пулмоналниот залисток се состојат од три ливчиња. Болестите на залистоците се јавуваат во две форми:
1. Залистокот станува некомпетентен (инсуфициентен) или регургитантен кога ливчињата се свиени од на нив создадените лузни од воспалителен процес, кога ја изгубиле поддршката од тендинозните хорди (на пр. при нивна руптура), или, при проширување на валвуларниот прстен.
2. Залистокот станува стенотичен поради лузни од воспалителен процес или вроден анатомски дефект.

Слични текстови

Назад кон категоријата: Кардиологија