Со исклучок на задната страна од левата преткомора, целото срце е обвиткано со перикард. Висцералниот лист на перикардот е одвоен од неговиот фиброзен лист (париетален перикард) со 25 до 35 т1 течност.
Тешко е да се одреди функцијата на перикардот, бидејки и неговото потполно отсуство не доведува до какви било клинички манифестации. Перикардот го добива клиничкото значење само во случаите на негово воспаление или излив во просторот помегу двата негови листа. Болестите на перикардот можат да се класифицираат во три групи:
1. Акутен перикардит, најчеста болест на перикардот, истовремено и негова болест со најдобра прогноза. При акутниот перикардит доага до насобирање на течност во перикардниот простор, а болката се јавува поради воспалението.
2. Тампонада на перикардот, животнозагрозувачка болест при која голема количина на течност се насобира во перикардниот простор и го оневозможува полнењето на коморите во дијастола.
3. Констриктивен перикардит, хронично воспаление на перикардот при кое се создаваат адхезии помегу перикардот и миокардот кои ја нарушуваат работата на срцето и доведуваат до зголемување на притисокот во системските вени.
ЕТИОЛОГИЈА
Воспалението на перикардот може да биде предизвикано од инфективни агенси, уремија, траума на градниот кош, МИ, а може да се јави и во тек на малигни болести и системски болести на сврзното ткиво.
Најчесто се работи за вирусно воспаление кое има бениген тек и спонтано се повлекува. Гнојниот бактериски перикардит е редок, има висока стапка на морталитет (околу 50%), а се јавува при ширење на инфекцијата од белите дробови, медијастинумот, срцето (особено по хируршки зафати на срцето) или при системска бактериемија. Туберкулозниот перикардит во развиените земји денес ретко се сретнува. Од друга страна, дијагнозата на туберкулозен перикардит често се поставува роб!; шог1ет, без податоци за постоење на белодробна туберкулоза во тек на животот.
Кај околу 50% од пациентите со уремија се јавува перикардит кој обично се повлекува по дијализа, иако во некои случаи потребна е перикардиоцентеза или перикардектомија. Перикардитот при уремија може да прогредира до појава на тампонада, но појавата на констриктивен перикардит не е карактеристична за овие пациенти.
Примарните тумори на перикардот се ретки, а ма^ лигните болести на перикардот најчесто се јавуваат како метастатски промени на белодробниот карцином, карциномот на дојка, малигниот меланом или лимфомите. Овие промени обично се јавуваат во напреднатиот стадиум на болеста. За нивната дијагноза се потребни инвазивни постапки.
