ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Белодробeн едем

ЛекарИнфо редакција17 јануари 2026
Рендген на граден кош при белодробен едем
Извор на сликата: Maryrosegrant · CC BY-SA 4.0

Белодробниот едем се развива при екстравазација (излевање) на течност низ бидот од белодробните капилари во белодробните алвеоли и интерстициум што се случува кај пациентите со левосрцева слабост поради зголемениот притисок во белодробните капилари.

 

Клиничка слика

Во почетниот стадиум на белодробниот едем течноста се излева од капиларите во белодробниот интерстициум. На рендгенграм на белите дробови можат да се видат хоризонтални линии што ја ограничуваат плеврата и поизразена васкуларна мрежа во белодробните апекси. Бидејки во овој стадиум алвеолите не содржат течност, хипоксемијата е помалку изразена од диспнеата и тахикардијата. Во наредните фази течноста доага и во алвеоларните простори, а во најтешките случаи таа доага и до трахејата.

Евалуација и третман

Клиничката состојба на пациентот е најдобриот показател за начинот на лекување на белодробниот едем. Доколку пациентот е во релативно добра состојба, пристапот треба да биде порелаксиран иако на рендгенграмот се гледаат знаци на белодробен застој. Наспроти тоа, агресивен пристап треба да има кај акутно диспноичен пациент и покрај дискретниот рендгенски наод.

Анксиозноста и лошото општо чувство можат да ја влошат хипертензијата и тахикардијата кај овие пациенти. Знаци што укажуваат на сериозна состојба се поматениот сензориум, заморот на респираторните мускули и искашлувањето на розев и пенест спутум. Состојбата на вратните вени не говори ништо за состојбата на левата комора (тие ја одразуваат функцијата на десната комора). На аускултација се слуша третиот срцев тон, односно ритамот на галоп, како и крепитации над помала или поголема површина од белите дробови. На ЕКГ треба да се бараат знаци на МИ или аритмија, а доколку постои аритмија (освен синус тахикардија) таа треба веднаш да се третира. Исто така, треба да се направи и графија на белите дробови иако таа не е во корелација со клиничката состојба на пациентот. Од друга страна, радиолошкиот наод (Слика 5-3) е во корелација со збиднувањата во белите дробови на почетокот, во текот и при резолуцијата на белодробниот едем. Цел на третманот на белодробниот едем е да се поправи оксигенацијата на пациентот и да се отстрани течноста од белите дробови. Пациентот треба да седи со спуштени нозе со што се отежнува вракањето на крв во срцето. Терапијата со 100% кислород преку лицева маска се започнува веднаш, а истовремено се поставува венска линија. Освен кај пациентите со тешка хипоксемија, кај другите пациенти не е потребна интубација и механичка вентилација. Морфинот даден интравенски е лек на избор кај акутно диспноичните пациенти поради венодилатацијата што ја предизвикува дејствувајки на циркулаторните центри во продолжениот мозок. Намалувањето на диспнеата по давање на морфин може да биде драматично. По давањето на морфин следи давање на диуретици и нитрати. Некои диуретици имаат слабо, но брзо венодилататорно дејство, а нивното примарно дејство, односно зголемувањето на диурезата, не се јавува веднаш.

Слични текстови

Назад кон категоријата: Кардиологија