Акутен перикардит
Најважни манифестации на акутниот перикардит се градната болка, аускултаторниот наод на перикардно триење и ЕКГ промените.
Најважни манифестации на акутниот перикардит се градната болка, аускултаторниот наод на перикардно триење и ЕКГ промените.
Болката е остра, се чувствува во предниот дел од градите или во рамењата, а се менува при дишењето и промена на позицијата на телото.
Појавата на перикардно триење се должи на триењето на воспалените површини на висцералниот и париеталниот перикард. При перикардното триење можат да се чујат три компоненти што одговараат на преткоморната систола, коморната систола и коморната дијастола. Наодот на перикардно триење е често транзиторен, но може да перзистира и при насобирање на течност во перикардниот простор. Тоа најдобро се аускултира при длабок експириум и во лежечка положба на пациентот.
Промените на ЕКГ се јавуваат како резултат од оштетување на епикардот. Тие се слични со промените што се јавуваат на ЕКГ при акутниот МИ: елевација на 5Т сегментот и инверзија на Т брановите. За разлика од МИ, елевацијата на 5Т сегментот што се сретнува при акутниот перикардит е конкавна, а Т брановите стануваат негативни откако елевацијата на 5Т сегментот ке се спушти на изоелектричната линија. Чест наод се суправентрикуларните аритмии, особено пароксизмалната преткоморна фибрилација, како и преткоморните и коморните екстрасистоли.
Акутниот вирусен перикардит обично се повлекува спонтано за два до три дена, но може да има и посериозен тек. Нема специфична терапија, а се препорачува одмор и примена на аналгетици. Како аналгетик најчесто е доволен аспиринот, но во некои случаи за смирување на болката потребна е примена на нестероидни антиинфламаторни лекови (на пр. индометацин) или краток курс на орални кортикостероиди.
Хоспитализација на пациентите со акутен перикардит се препорачува кај тие на возраст поголема од 40 години, сомневање за бактериски перикардит или знаци на сепса, потоа во случаите кога на перикардитот претходела траума на градниот кош, постоење на системски болести на сврзното ткиво и кога болеста доведува до хемодинамски нарушувања (претечка тампонада). Помладите пациенти со вирусен перикардит се пуштаат на домашно лекување со контрола на состојбата по два до три дена.
Пред исписот од болница кај пациентите со перикардит треба да се направат неколку испитувања: ЕКГ, лабораторија, хемокултура, лабораториски испитувања на крвта за антинуклеарни антитела и др. Радиографија се прави за проценка на големината на срцето и за исклучување на пневмонија, а ехокардиографија за проценка на количината на перикардниот излив и за присуство на структурни аномалии. Кај сите пациенти треба да се направи туберкулински тест.