Хематологија

Трансфузии на еритроцити

Една единица на спакувани еритроцити (РКС) претставува еритроцити од околу 450 тЕ цела крв. Кога се врши трансфузија кај пациент кај кој не е присутна зголемена деструкција или секвестрација на еритроцитите се очекува дека една единица ке го зголеми хематокритот за 3%

Една единица на спакувани еритроцити (РКС) претставува еритроцити од околу 450 тЕ цела крв. Кога се врши трансфузија кај пациент кај кој не е присутна зголемена деструкција или секвестрација на еритроцитите се очекува дека една единица ке го зголеми хематокритот за 3% или хемоглобинот за 1 §/(&.
Трансфузиите на еритроцитите се индицирани кога е потребно обновување на капацитетот за доставување на кислород потребен за одржување на виталните ткива.

Млада, здрава индивидуа може да изгуби повеке од една половина од неговите еритроцити, а се уште да се одржи суфициентно доставување на кислородот до ткивата, но мора притоа да биде зачуван циркулаторниот волумен. Од друга страна, пациентот кој има кардиопулмонална или васкуларна болест и кој не може да го зголеми ударниот волумен на срцето или алвеоларната вентилација мора да има хематокрит од околу 30%. Брзината на настанувањето на анемијата исто така влијае на минималниот хематоркит кој може да го толерира пациентот. Кај пациентите со хронична анемија, хематокритот од 15% ке предизвика само замор и обично нема потреба за итна трансфузија. Пациентите кај кои хематокритот се намалил рапидно како резултат на гастроинтестинално крвавење и кои имаат низок крвен притисок и забрзана работа на срцето и белите дробови имаат потреба за итна хоспитализација и трансфузија на крв.

Препарати од еритроцитите

Во праксата се достапни неколку форми на еритроцитни концентрати, вклучувајки ги тука и еритроцити кои се испрани, замрзнати или филтрирани за да се отстранат леукоцитите и плазма протеините, или пак истите се озрачени. Во зависност од методот на конзервирање и чување, единиците еритроцити може да се чуваат 35 (СРБА-1) или 42 дена (Ас1бо1) пред трансфузијата.

Кога се чува цела крв, различни компоненти од крвта ја губат активноста и отпорноста во различен период. Гранулоцитите ја губат отпорноста во текот на 24 часа, а тромбоцитите за време од пет дена. Активноста на факторот VIII значително се намалува по два дена, на факторот V по 4 до 5 дена, а на факторот XI по 6 до 7 дена. Другите компоненти од каскадата на коагулацијата се стабилни во текот на подолги временски периоди. Дури и кога целата крв се применува кај пациентите со масивна, акутна хеморагија, активноста на факторот VIII и тромбоцитите се намалува доколку крвта се чува подолго од еден до два дена.

Спакуваните еритроцити (РКС) може да се употребат за обезбедување на посебно концентрирана трансфузија. Една единица спакувани еритроцити има хематокрит од 60% до 90% во волумен од околу 300 тБ. Спакуваните еритроцити не се скапи во споредба со другите прапарати, бидејки производството на оваа форма на крвна трансфузија вклучува само концентрација на еритроцитите. Другите препарати од еритроцити вклучуваат отстранување на тромбоцитите, гранулоцитите и плазма протеините, како дополнителна постапка на концентрацијата на еритроцитите. Сепарацијата на овие нееритроцитни крвни компоненти ја зголемува цената на подготовката на еритроцитите за трансфузија, но ги намалува алергиските реакции кои овие компоненти ги предизвикуваат.

Еритроцитите со отстранети леукоцити се индицирани за превенција на фебрилните, нехемолитички трансфузиски реакции, најчестата форма на трансфузиските реакции (види подолу) или за првенција на алоимунизацијата на хуманите лимфоцитни антигени (НХА). Методите за отстранување на леукоцитите вклучуваат преминување на разладените еритроцити низ микроагрегатен филтер и/ или употреба на специјално дизајнирани филтри за отстранување на леукоцити. Овие процедури на отстранување се ефективни во отстранувањето на повеке од 98% од леукоцитите, оставајки < 10б леукоцити во единица и самото тоа доведува до намалување на фреквенцијата на фебрилните реакции.

Испраните еритроцити се произведуваат со плакнење на спакуваните еритроцити со солен раствор (натриум хлорид). Перењето на еритроцитите е најдобриот начин за отстранување на плазма протеините, иако при тоа се отстрануваат и некои леукоцити и тромбоцити. Главната индикација за перењето е превенцијата на алергиските трансфузиски реакции, кои се последица на реакцијата на имуноглобулин Е (1§Е) антителата од примателот против плазма протеините од донаторот. Во некои клинички случаи, како што е дефицитот на 1§А кај примателот, плазма протеинити од донаторот може да индуцираат развој на многу тешки алергиски реакции. За несрека, перењето со солениот раствор доведува до потенцијална можност за бактериска контаминација и клетките мора да бидат употребени кратко време по преработката.

Смрзнатите еритроцити може да се чуваат со години во глицерол со мала биохемиска деградација. Поради долгиот живот, смрзнувањето на еритроцитите претставува одличен начин за складирање на ретките крвни групи. Смрзнатите еритроцити се релативно сиромашни со леукоцити и плазма протеини и може и понатаму да бидат прочистени преку перење со солен раствор. Студиите покажуваат дека ризикот за трансмисија на хепатитот е понизок кај смрзнатата крв отколку кај другите препарати, но причините за тоа не се познати. Главниот недостаток на смрзнатите еритроцити е високата цена.

Озрачените еритроцити и друтите крвни продукти повеке се употребуваат кај имунокомпримираните пациенти или кај пациентите со трансплантација на коскена срцевина и стем клетки за да се избегне болеста дгаЛ-уегбш-ћоб*. Ирадијацијата на крвната единица од донаторот доведува до уништување на стем клетките и лимфоцитите.

Трансфузиски реакции

Трансфузиските реакции може да бидат во три форми: фебрилни и нехемолотички, хемолитички и реакции на рана преосетливост.

Фебрилните реакции се најчести. Повеке студии покажуваат дека фебрилните реакции главно се резултат на присуството леукоаглутинините кои се антитела насочени против леукоцитите од донаторот. Се смета дека фебрилната реакција настанува поради интеракцијата на претходно индуцираните леукоаглутинини кај примателот со леукоцитите на донаторот, што води до ослободување на пирогени. Кај некои пациенти, тромбоцитите од донаторот и другите плазма компоненти може да делуваат како сензибилизирачки антигени.
Ризикот од фебрилна реакција кај еден пациент се зголемува со бројот на примените претходни трансфузии.

Фебрилните реакции обично почнуваат во текот или веднаш по трансфузијата, но може да настанат и 6 до 12 часа подоцна. Овие реакции најчесто се лесни и може да бидат проследени со појава на студенило, а многу поретко со вкочанетост. Температурата може да се покачи за 1 °С или повеке, но без манифестација на хемолиза. Секундарните фебрилни реакции поради леукоаглутинините се бенигни и може да се превенираат со употреба на еритроцити сиромашни со леукоцити. Пациентите се третираат со стандардните антипиретици.

Трансфузијата не мора да биде прекината, но пациентите мора внимателно да бидат опсервирани. Доколку се потребни дополнителни трансфузии, на пациентите треба да им се дадат антипиретици пред самата трансфузија.

Акутната хемолитичка реакција е резултат на трансфузијата на имунолошки инкомпатибилна крв. Антителата на домакинот се сврзуваат за трансфундираните клетки и предизвикуваат интраваскуларна хемолиза (како при АВО инкомпатибилноста) или деструкција на клетките кои се обложени со антитела или комплемент во макрофагите од слезената, црниот дроб или коскената срцевина. Со внимателно вкрстено спарување се постигнува хемолитичките реакции да бидат ретки. Симптомите на хемолитичката реакција се варијабилни. Треските и студенилото се типичните рани симптоми, а хемолитичката реакција не може да се разликува од обичната, бенигна фебрилна реакција. При развојот на било каква фебрилна реакција по трансфузијата, треба да се изврши проверка на сите детали на вкрстеното спарување и да се изврши идентификација на инфундираните крвни продукти. Се препорачува да се изврши забавување на стапката на трансфузијата и пациентот внимателно да се следи.

Акутната интраваскуларна хемолиза резултира поради интеракцијата на трансфундираните еритроцити со претходно формираните антитела кои го врзуваат комплементот. Антителата насочени кон главните АВО крвни групи доведуваат до активирање на комплементот кој предизвикува лиза на еритроцитите. Во оваа ситуација, пациентот може да почувствува болка во грбот и бокот, а исто така може да се манифестира хипотензија, крварење од местото на инфузијата, гадење и повракање. При тоа, трансфузијата треба да се прекине и треба да се преземат чекори за проверка дали навистина се случила хемолитичка реакција. Плазмата на пациентот треба визуелно да биде проверена за присуство на слободен хемоглобин (пр. плазмата станува црвена), а урината треба да биде тестирана за присуство на хемоглобин. Одредувањето на крвните групи и вкрстеното спарување треба да се повторат, вклучувајки и директен тест на еритроцитите од примателот, пред и по трансфузијата. Примерок од крвта на пациентот треба да се испрати за одредување на хематокритот, бројот на тромбоцитите, хаптоглобинот, протромбинското време, парцијалното тромбопластинско време, распаднатите продукти на фибринот и фибриногенот.

Интеракцијата антиген-антитело која резултира со интраваскуларна хемолиза предизвикува катастрофална верига на настани кои можат да вклучат развој на дисеминирана интраваскуларна коагулација, васкуларен колапс и бубрежна слабост. Кај пациент кој е анестезиран крвавењето поради Б1С може да биде првиот знак хемолитичката трансфузиска реакција. Васкуларниот колапс може да биде предизвикан поради активација на инфламаторните механизми од страна на комплексите антиген-антитела. Бубрежната слабост се манифестира како акутна тубуларна некроза и може да биде предизвикана од хипотензијата, од ефектите на комплексите антиген-антитела или двете.

По прекинувањето на трансфузијата, третманот се состои од мерки за одржување на крвниот притисок, контрола на крвавењето и одржување на бубрежната циркулација. Потребен е мониторинг на количината на урината. Диуретиците кои делуваат на петелката, како што е фуросемидот, може да бидат од корист во воспоставувањето на бубрежниот крвоток и во зголемувањето на количината на урината.

Акутната екстраваскуларна хемолиза е последица на интеракцијата на трансфундираните еритроцити со антителата на примателот кои не се способни да го врзат комплементот или се способни само за врзување на раните компоненти (пр. СЗБ). Присуството на 1§С и/или СЗ на еритроцитите од донаторот резултира со чистење на обложените клетки од циркулацијата со помош на макрофагите. Комплексот од симптоми во овој случај е многу посуптилен отколку при интраваскуларната хемолиза. Треската може да биде единствениот симптом. Трансфузијата треба да се прекине и треба да се повтори вкрстеното спарување. Лабораториската евалуација често покажува помал од очекуваниот пораст на хематокритот по трансфузијата, зголемен индиректен серумски билирубин и лактат дехидрогеназа (1ЛЗН) и позитивен директен антиглобински тест.

Раните реакции на преосетливост при трансфузиите се манифестираат во форма на локална уртикарија, ангионеуротски едем или анафилакса. Овие реакции се невообичаени и обично се лесни. Во случај на рана реакција на преосетливост, трансфузијата се прекинува, а пациентот се третира со антихистаминици и симпатикомиметици. Дифенхидраминот е антихистаминикот кој често се употребува при 1§Епосредуваните алергиски реакции, како што е уртикаријата. Пациентите со 1§А дефицит (< 1 на секои 500 лица) се особено предиспонирани за појава на алергиски реакции. Некои од овие пациенти поседуваат циркулирачки анти-1§А антитела и инфузијата дури и на мали количини 1§А резултира со реакција на преосетливост. Трансфузијата на испрани еритроцити е општо прифатена за превенција на алергиските реакции кај овие пациенти.

Компликации

Повремено, треската која се појавува при трансфузијата на еритроцити е првиот знак дека крвта на донаторот е контаминирана со бактерии. Тешката реакција може да упати на сериозна септикемија. Симптомите вклучуваат треска, студенило, или грчеви, гадење и повракање, следени со појава на хипотензија, В1С и циркулаторен колапс. За срека, поради тоа што морталитетот надминува 50%, овие реакции се ретки. Доколку постои сомнеж за контаминација со бактерии поради воочливата фебрилна реакција, трансфузијата мора да се прекине и мора да се приготват два сета на хемокултури од примателот. Нетрансфундираната крв треба да се испита со боење по Грам и истата треба да се култивира, а пред да бидат готови резултатите треба да се започне со антибиотски третман со широк спектар на дејство.

Друтите рани компликации на трансфузиите произлегуваат од физиохемиските ефекти на администрацијата на крвта. Циркулаторното оптоварување кај пациентите со срцева болест може да придонесе за развој на конгестивна срцева слабост. Бавната администрација на крвта го намалува ризикот од циркулаторно оптоварување, а диуретиците се даваат по потреба.

Брзите и масивни трансфузии на ладна крв може да доведат до хипотермија. Масивните трансфузии може да предизвикаат и хипокалцемија.

Концентрациите на калиумот и слободниот амонијак се зголемуваат во несмрзнатата крв во текот на чувањето. Обемните трансфузии може да доведат до опасно оптоварување со калиум кај пациентите со бубрежна слабост, а хиперамонемијата може да биде особено штетна за пациентите со гранична црнодробна функција.

Автологна трансфузија на крв

Автологната трансфузија е процес при кој пациентите донираат крв за нив самите и тоа најчесто при елективните хируршки интервенции. Крвта се зема и се чува и до 42 дена пред да биде потребна. Во текот на периодот кога се донира крвта често се развива анемија и бројот на единици кои може да се колектираат е ограничен. Втората форма на автотрансфузијата се одвива во оперативната сала каде што се употребува чување на клетките. Посебни апарати ги отстрануваат еритроцитите од крвта која се собира од оперативното поле и истите ги вракаат во пациентот.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button