Хематологија

Хепатит и синдром на стекнат имундефицит

Доколку виртуелно се елиминира раната хемолитичка трансфузиска реакција, главниот ризик одтрансфузиската терапија е трансмисијата на одредени инфекции. Развојот на хепатитот и синдромот на стекнат имун дефицит (АГОб) се особено важни инфективни компликации.

 

Доколку виртуелно се елиминира раната хемолитичка трансфузиска реакција, главниот ризик одтрансфузиската терапија е трансмисијата на одредени инфекции. Развојот на хепатитот и синдромот на стекнат имун дефицит (АГОб) се особено важни инфективни компликации.

Скринингот на крвта од донаторите за присуството на површинскиот антиген на хепатит Б вирусот доведе до значително намалување на инциденцата на хепатит Б антиген-позитивниот хепатит по трансфузиите. Причините за случаите кои се појавуваат во денешно време се премногу ниските нивоа на површинскиот антиген на хепатит Б вирусот во крвта на донаторот кои не може да се детектираат или присуството на вирусни партикули на кои им недостасува Б површинскиот антиген. Денес, инциденцата на хепатит Б инфекцијата по трансфузија на крв се проценува на 1 на 200,000 единици. Крвта, исто така, се тестира за присуство на хепатит Ц вирус. Со последните унапредувања на скрининг тестовите се проценува дека можноста за трансмисија на хепатитот Ц е околу 1 на 100,000 трансфундирани единици. Другите потенцијални причини за појава на посттрансфузиски хепатит се цитомегаловирусот и ЕрзМп-Вагг вирусот.

Клиничките синдроми на хепатитот пренесен со трансфузија се слични на манифестациите кои се појавуваат кај вирусниот хепатит кој што е здобиен преку другите начини на трансмисија. Тие вклучуваат акутна иктерична симптоматска болест, аниктеричен асимптоматски хепатит, хронична црнодробна болест и цироза.
Употребата на скрининг тестовите за откривање на антителата на вирусот на хуманиот имун дефицит (Н1У), како и на тестовите за Н1У ВЈМА и Н1У р24 антигенот го намалија, но комплетно не го елиминираа ризикот за АГОб поврзана со трансфузиите. Во оваа смисла, ефективно се покажало и исклучувањето на донаторите кои имаат ризик за Н1У инфекција. Тестовите за Н1У имаат одредени ограничувања, а ризик факторите често не се утврдуваат при земањето на анамнезата од донаторите. На пример, донаторот може да биде инфициран со Н1У околу три недели пред да се создадат детектибилни антитела, околу 16 дена пред Н1У р24 антигенот да стане детектибилен и околу 11 дена пред Н1У КМА да може да биде откриена. Како и да е, методите за скрининг на крвта за Н1У се високо ефективни и ризикот за трансмисија на Н1У по пат на трансфузија е екстремно низок и се проценува на околу 1 на 656,000 трансфундирани единици.

Хуманиот Т-клеточен лимфотрофен вирус I и II (НТГУЧ и НТ1У-П) може да се открие во складираната крв и може да се пренесе преку трансфузиите. Инфекциите со НТЕУ-1 може да бидат асоцирани со појава на периферни Т-клеточни леукемии и лимфоми, како и со појава на ендемиски миелопатии, доминантно во јужна Јапонија, Карибите и јужните делови на САД. Крвта треба да се провери за евентуалното присуство на НТ1У-1 и НТћУ-П. Проценетиот ризик за трансмисија е помал од 1 на 600,000 трансфундирани единици.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button