Токсичен хепатит
Бројни лекови и токсични супстанции можат да предизвикаат акутен хепатит кој по клиничката слика не се разликува од вирусниот хепатит. Од голема важност е идентификацијата на причинителот на хепатитот, особено доколку се работи за лек чијашто примена во тој случај треба веднаш да се прекине.
Бројни лекови и токсични супстанции можат да предизвикаат акутен хепатит кој по клиничката слика не се разликува од вирусниот хепатит. Од голема важност е идентификацијата на причинителот на хепатитот, особено доколку се работи за лек чијашто примена во тој случај треба веднаш да се прекине.
Некои супстанции имаат директно хепатотоксично дејство кое се манифестира на секое изложено лице. Во оваа група супстанции спагаат јаглеродниот тетрахлорид, некои видови печурки и ацетаминофенот во високи дози (види Поглавје 68). Симптомите и знаците на црнодробното оштетување стануваат манифестни еден до два дена по експозицијата на хепатотоксичната супстанција.
Некои лекови, пак, какви што се халотанот, изониазидот, фенитоинот и некои нестеродини антиинфламаторни агенси предизвикуваат оштетување на црниот дроб на непредвидлив и непознат начин. Кај еден од 10 пациенти кои примаат изониазид доага до зголемување на серумските вредности на црнодробните трансаминази. Пациентите со возраст над 35 години имаат повисок ризик за настанување на хепатит.
Зголемената вредност на трансаминазите е транзиторна и асимптоматска и не е причина за прекинување на терапијата. Многу помал процент од пациентите (околу 1%) развиваат акутен симптоматски хепатит со значајно зголемени вредности на трансаминазите во првите 4 до 8 недели од болеста. Кај овие пациенти примената на изонијазид треба да се прекине.
Кај многу мал број од пациентите кои го примале општиот анестетик халотан доага до појава на акутен хепатит две недели по експозицијата. Црнодробното оштетување е често тешко, а стапката на морталитет е висока.
Андрогените (анаболните) стероиди, кои ги применуваат спортистите за зголемување на мускулната маса, можат да предизвикаат реверзибилен пораст на вредностите на алкалната фосфатаза и на трансаминазите. Многу ретко кај овие лица може да се појават црнодробни цисти исполнети со крв (пелиоза) или тумори на црниот дроб. Кај пациентките што примаат естрогени може да се појави холестаза или, многу ретко, бенигни аденоми на црниот дроб.