ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Хроничен хепатит

ЛекарИнфо редакција5 мај 2026
Чекалница во медицинска клиника со црни столови, ТВ екран на зидот и мала масичка со дезинфекциско средство и хартиени салфетки.
Извор на сликата: Harrison Keely · CC BY 4.0

Дијагнозата на хроничен хепатит се поставува доколку црнодробното оштетување не се повлече за 6 месеци. Во тој случај треба да се направи биопсија на црниот дроб. Дијагнозата може да се постави само врз основа на наодот на биохемиски абнормалности (зголемени вредности на трансаминазите), иако пациентот е асимптоматски, а физикалниот наод е негативен.

 

Дијагноза

Дијагнозата на хроничен хепатит се поставува доколку црнодробното оштетување не се повлече за 6 месеци. Во тој случај треба да се направи биопсија на црниот дроб. Дијагнозата може да се постави само врз основа на наодот на биохемиски абнормалности (зголемени вредности на трансаминазите), иако пациентот е асимптоматски, а физикалниот наод е негативен. Степенот на тежина на болеста се одредува според хистолошкиот наод од биоптичкиот материјал. Кај лесните форми на хроничен хеаптит хистолошкиот наод се состои од неспецифични реактивни и воспалителни промени. Кај тешките форми инфламаторните промени се изразени и ја нарушуваат нормалната архитектоника на црнодробното ткиво, а карактеристичен наод се Бпс1§т§ некрозата и фиброзата.

Хроничниот хепатит Б и Ц се најчестите причини на хроничен хепатит, а на подлогата од тие болести најчесто се развиваат и цирозата и хепатоцелуларниот карцином. Други причини се хроничниот автоимун хепатит и токсичниот хепатит предизвикан од лекови. Хроничниот хепатит, исто така, може да се види како прециротична промена кај Вилсоновата (АУИбоп) болест и а-антитрипсинскиот дефицит.

Најчести симптоми и знаци на хроничниот хепатит се жолтицата, хепатоспленомегалијата и спајдер ангиомите. Карактеристичниот хистолошки наод е претходно опишан. Хроничниот активен хепатит може да биде придружен со интерстицијален нефрит, нодозен полиартрит, артралгии, хемолитичка анемија, криоглобулинемија и други системски нарушувања.

Третман

Примената на интерферона (1НМ а) е единствен ефикасен третман на хроничниот хепатит Б и Ц. Кај хроничниот хепатит Б лекот се препорачува кај пациентите со докажана репликација на вирусот. Тоа се пациентите со зголемени вредности на трансаминазите, позитивни наоди на НВеА§ и НВУ БМА. Во ретки случаи (инфекција со мутантна форма на НВУ) наодот на НВеА§ е негативен и покрај постоењето на активна репликација на вирусот, но и во овие случаи се препорачува примената на интерферон.

Кај хроничниот хепатит Ц примената на интерферон се препорачува кај лицата со зголемени вредности на АКГ, додека пациентите со нормални вредности на аминотрансферазите и дискретно воспаление на црниот дроб не се кандидати за интерферонска терапија.

Добар одговор на примената на интерферон не се добива кај сите пациенти кои го примаат, а, од друга страна, при неговата примена можна е појавата на несакани ефекти. Добар одговор на интерферон се добива кај околу 50% од пациентите од двата типа хроничен хепатит, а во случаите на незадоволителен одговор на интерферонот може да се додаде рибаварин. Во зависност од генотипот на НСУ комбинираната терапија треба да трае 6 до 12 месеци. Одложен одговор, однодно перзистентно негативен НСУ 1ША во серумот, се јавува кај околу 40% од пациентите. Кај многу пациенти кои примаат интерферон се јавува синдром сличен на грипот (слабост, премаленост, треска и болки во мускулите). Други несакани дејства на интерферонот се опагање на косата, депресија и промени во расположението.Исто така, може да дојде до намалување на бројот на леукоцити и тромбоцити поради антипролиферативниот ефект на интерферонот. Ретко несакано дејство се проблемите со штитната жлезда кои обично се јавуваат кај пациентите со хепатит Ц.

Хроничен автоимун хепатит

Хроничниот автоимун хепатит се карактеризира со хистолошки наод на хронично воспаление на црниот дроб придружен со наод на висок титар на антинуклеарни антитела и на антитела против мазните мускули во серумот. 

Иако причината за настанување на автоимуниот хепатит е непозната, резултатите од неколку истражувања укажуваат дека со примена на имуносупресивна терапија доага до повлекување на симптомите и до намалена зачестеност на цироза кај овие пациенти со што значајно се намалува стапката на смртност. Најчесто применувани имуносупресиви се кортикостероидите и азатиопринот.

Трансплантацијата на црниот дроб е успешен третман на крајниот стадиум од хроничен хепатит Б, хроничен хепатит Ц и од автоимуниот хепатит. Токсичниот хепатит предизвикан од лекови обично има добра прогноза, односно болеста се смирува со прекинување на примената на лекот.

Слични текстови

Назад кон категоријата: Гастроинтестинални болести