Гастроинтестинални болести

Диспепсија

Диспепсијата или индигестијата се јавува кај 20 до 40% од возрасната популација, а се манифестира со симптоми на нарушено варење (дигестија) на храната, какви што се: епигастрична болка, надуен стомак, мачнина или повракање.

Диспепсијата или индигестијата се јавува кај 20 до 40% од возрасната популација, а се манифестира со симптоми на нарушено варење (дигестија) на храната, какви што се: епигастрична болка, надуен стомак, мачнина или повракање. Според дефиницијата на интернационалниот комитет, диспепсијата претставува перзистентна или рекурентна болка или дискомфор локализирана во горниот дел од стомакот. Најчест вид на диспепсија е функционалната диспепсија, наречена и неулкусна диспепсија.

Диференцијадна дијагноза

Околу 30% од сите случаи на диспепсија се должат на пептичкиот улкус. Преостанатите случаи се случаите на функционална диспепсија, како и на диспепсијата што се јавува кај ГЕР, болестите на жолчното кесе (холелитијаза, билијарна дискинезија и др.), хроничниот панкреатит, синдромот на иритабилно црево, психијатриските болести (соматоформни симптоми), дијабетесот (дијабетична гастропареза), како и малигномите на дигестивниот тракт.

Диспепсијата придружена со киселини, подригнување и/или дисфагија упатува на симптоматски ГЕР, па кај овие пациенти треба да се направи ендоскопија и амбулантскиот 24-часовен рН мониторинг на хранопроводникот.

Билијарната болка се карактеризира со епизоди од силна болка во епигастриумот или под десниот ребрен лак што трае најмалку еден час. Болката може да се шири кон грбот или десното рамо, а често е придружена со повракање, потење и вознемиреност. Епизодите на болка се повторуваат по неколку недели или месеци. Симптомите на преполн стомак по оброк, неподносливост на мрсна храна и подригнување се неспецифични симптоми кои не се поврзани со холелитијаза.

Разликувањето на пациентите со болка предизвикана од холелитијаза од оние со неспецифична диспепсија е важно поради различниот тераписки пристап. Постои изразено преклопување (во околу 80% од случаите) помегу функционалната диспепсија и синдромот на иритабилно црево. Симптомите од тип на хронична стомачна болка со нарушено празнење на дебелото црево се неспецифични, но тие се најважните симптоми на синдромот на иритабилно црево.

Желудочниот карцином е ретка причина на хронична диспепсија. Во секој случај, поради можноста за постоење на оваа болест треба да се исклучи со адекватни испитувања, особено кај лицата на возраст од 45 до 50 години или кај оние со алармантни симптоми (загуба на телесна тежина, дисфагија и/или горнодигестивно крвавење).

Пристап кон пациент со диспепсија

Во многу случаи причината за диспепсија не може да се открие само од анамнезата и физикалниот преглед. Во иницијалните дијагностички тестови спагаат крвната слика и биохемиските испитувања на крвта, на пр. црнодробните ензими и електролитниот статус, потоа рендгенграфијата со бариумова каша, ендоскопијата, како и серолошките испитувања за детекција на НеНсоВа&ег ру1оп. Контрастната рендгенграфија на горниот дигестивен тракт е поевтина постапка за детекција на диспепсијата предизвикана од пептичкиот улкус, но е помалку прецизна. Инфекцијата со НеНсоВасШ ру1оп нема улога во патогенезата на функционалната диспепсија. За сите пациенти точната и брза дијагноза, повлекувањето на симптомите и исклучувањето на малигна болест се многу важни. На пример, негативниот ендоскопски наод значајно ја намалува грижата за здравјето со што се подобрува квалитетот на живот.

Наодот на билијарни калкули со ултразвук кај многу пациенти со диспепсија, но без карактеристичната билијарна болка, може да доведе до непотребна диспепсија. Задоцнето празнење на желудникот се открива кај околу 30% од пациентите со диспепсија, а прецизни дијагностички тестови се компјутеризираната томографија и контрастната графија на тенкото црево.

Кај пациентите помлади од 50 години со симптоми на диспепсија која дотогаш не била евалуирана, а кај кои е можно постоењето на улкусна болест, изведувањето на серолошко тестирање за НеНсоЂасГег руГоп е индицирано само ако е планирана терапија во случај на позитивен резултат. Кај млади НеНсокасГег ру1оп-негативни пациенти кои немаат изразени симптоми се препорачува ординирање на антисекреторна терапија (антагонисти на Н2 рецепторите или инхибитори на протонската пумпа) во траење од еден месец. Ендоскопско испитување кај овие пациенти се препорачува доколку симптомите не се повлечат по 8 недели примање антисекреторна терапија или тие се повторуваат бргу откако ке се прекине примањето на овие лекови.
Кај пациентите постари од 50 години и кај тие со алармантни симптоми се препорачува ендоскопско испитување. Генерално, клиничарот треба да донесе одлука дали ке примени терапија емпириски, дали ке направи серолошко тестирање за НеНсока&ег ру1оп или, пак, ендоскопија што се темели врз возраста на пациентот, придружните болести, примената на нестероидни антиинфламаторни лекови, времетраењето на симптомите, присуството на алармантни симптоми, прецизноста и цената на дијагностичките тестови, како и врз очекувањата на пациентот.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button