Aлкохолен хепатит
Спектарот на болести на црниот дроб кај алкохоличарите се состои од масен црн дроб, алкохолен хепатит и цироза. Иако алкохолниот хепатит почесто се јавува кај лицата со малнутриција, тој може да се јави и кај нормално ухранети лица.
Спектарот на болести на црниот дроб кај алкохоличарите се состои од масен црн дроб, алкохолен хепатит и цироза. Иако алкохолниот хепатит почесто се јавува кај лицата со малнутриција, тој може да се јави и кај нормално ухранети лица. Жените се поподложни на настанување на овој тип хепатит од мажите.
Дијагноза
Дијагнозата на алкохолниот хепатит се темели на намнестичките податоци, физикалниот наод и карактеристичниот лабораториски наод. Дефинитивна потврда се добива со биопсија на црниот дроб, но оваа метода е ретко потребна во рутинската дијагностика.
Кај овие пациенти се присутни сите манифестации на хроничната злоупотреба на алкохол, а оштетувањето на црниот дроб се манифестира со стомачна болка, жолтица, гадење, повракање и треска. Бројот на леукоцитите е зголемен. Вредностите на трансаминазите во крвта се умерено зголемени, при што поголем е порастот на вредноста на А5Т отколку на вредноста на АЦГ. Кај мал број од пациентите со алкохолен хепатит лабораторискиот наод укажува на холестатски тип на оштетување на црниот дроб. Наодот на хипоалбуминемија и продолжен ШК укажува на намалена синтетска функција на црниот дроб и сериозна прогноза на болеста. Исто така, концентрацијата на билирубин во крвта повисока од 20 е
предиктор на лоша прогноза на болеста.
Масната инфилтрација на црниот дроб е ран стадиум на алкохолниот хепатит и на неа се должи.наодот на хепатомегалија. Хистолошкиот наод укажува на оштетување на црниот дроб: алкохолни хијалини
телца во цитоплазмата на хепатоцитите, зголемени митохондрии, умножување на ендоплазматскиот ретикулум, хепатоцелуларна некроза и полиморфонуклеарен инфилтрат. Неалкохолниот стеатохепатит (попакоћоћс 81еа1оћера1;Ш8 ИАбН) е честа состојба со слични хистолошки карактеристики што се јавува кај лица кои не консумираат алкохол. Фактори на ризик за неговата појава се гојазноста, дијабетесот, хиперлипидемијата и примената на некои лекови, а медикаментозниот третман е насочен кон контрола на факторите на ризик со што се превенира настанувањето на цироза.
Третман
Кај најголем број од пациентите со алкохолен хепатит апстиненцијата од алкохол, одморот и адекватната нутриција доведуваат до повлекување на инфламаторните промени. Лесниот алкохолен хепатит е потполно реверзибилна болест доколку пациентот прекине со пиење алкохол, но кај околу 80% од пациентите кои продолжиле да пијат се развива цироза во наредните 5 години. Асцитот, енцефалопатијата, бубрежната слабост и високата леукоцитоза се лоши прогностички знаци. Кај тешките случаи на алкохолен хепатит се препорачува примена на кортикостероиди.
Масниот црн дроб е чест наод кај лицата кои го злоупотребуваат алкохолот. Од друга страна, зачестеноста на алкохолниот хепатит не е висока. Иако алкохолниот хепатит веројатно претходи на појавата на цироза, кај многу пациенти со алкохолна цироза не е регистриран претходен алкохолен хепатит. Пациентите со цироза можат да имаат придружен хепатит и во тие случаи прогнозата на цирозата е многу полоша.