Дегенеративните заболувања на зглобот, познати како овГеоагтгШз, се најчестиот полиартритис ширум светот. За разлика од реуматоидниот артрит, деструкција на зглобот се јавува почесто без воспаление, но акутни егзацербации во изолирани зглобови може да постојат без доказ за локална инфламација и излекување може да се постигне со НСАИЛ.
Повреда, стареење и стрес од зголемување на телесната тежина придонесуваат за ерозија на зглобната ‘рскавица, но колкаво е влијанието на овие и други фактори е непознато. Некои метаболни (на пр. хемохроматоза) и конгенитални (на пр. Пертеова болест) нарушувања предизвикуваат дегенеративни нарушувања на зглобот, но повекето случаи се идиопатски.
Пациентите се жалат на болка и здрвеност. При клинички преглед кај остеоартритот се откриваат: намален степен на движења, крепитации и болка во интерфалангеалните и големите зглобови, посебно колената и колковите. Може да се видат изолирани отоци. Од посебно значење се деформитети на коските на дисталните интерфалангеални зглобови (Б1Р)
– Хеберден-ови нодули (Невегскпб поскб) и проксималните интерфалангеални зглобови (Р1Р) Бучардови нодули, (ВоисћагсГз поскб). Овие промени на коските лесно се забележуваат при прегледот.
Лабораториските наоди се од мало значење освен за да се исклучат други дијагностички размислувања. Рендген снимките потврдуваат дегенерација, со доказ за асиметрично стеснување на зглобниот простор и коскени прирастоци. Посебно изложен на ова заболување е рбетниот столб во апофизалниот зглоб и во просторот на интервертебралните дискови, каде што стеснувањето е придружено со раст на латерални коскени израстоци наречени остеофити.
Посебна категорија на дегенерација на зглобот се гледа кај оние пациенти кај кои слабоста на сензорната инервација предизвикува повторувачки повреди на зглобот. Овие неуропатски зглобови или Чаркотови зглобови (Скагсојз јоШз), може да се видат при рамни табани, дијабетес и сирингомиелија. Радиографското испитување често открива драматична деструкција на зглобот и субхондралната коска со формирање на остеофити.
Лекувањето на сите дегенеративни заболувања на зглобот е придружено и вклучува механичка помош, физикална терапија и локална топлина. Загуба на тежината помага кај лица со зголемена телесна тежина. Хируршка корекција на деформитетите и целосна замена на зглобовите често се добри кај напредната форма на болеста. Артропластика на зглобот и коленото го зголемуваат квалитетот на живот драматично за стотици пациенти кои во спротивно би имале живот со скоро целосна неспосбност.
СЕРОНЕГАТИВНИ СПОНДИЛО АРТРОПАТИИ
Различни артропатии имаат одредени заеднички фактори: воспаление на пршлен (бропЈукагЉгШб), воспаление на сакроилијачните зглобови (басгоШШб), отсуство на реуматоидниот фактор во серумот и поврзаност кај некои пациенти со хуманиот лимфоцитен атиген (НћА)-В27. Периферен артрит исто така може да се развие, но најчесто клинички е во сенка поради промените на рбетниот столб. Основната патолошка лезија не е вистински синовитис, но почесто е ентезопатија, воспаление во кое се вклучени лигаментите припоени за коската. Ентезопатиите вклучуваат анкилозирачки спондилитис, Реитеров синдром (КеИегз зупдготе), псоријатичен артрит и ентеропатични ентезопатии.
Анкилозирачки спондилитис
Треба да се посомневаме за дијагнозата на анкилозирачки спондилитис кај секоја млада особа или особа во средна возраст кај која се јавува болка во грбот која трае со месеци, придружена со утринска вкочанетост и која се подобрува со вежбање. Болеста започнува со симетричен сакроилитис и потоа прогресивно се вклучува и ‘рбетниот столб предизвикувајки болка и рестриктивни движења во ‘рбетниот столб. Зафатеност на ‘рбетниот столб се дијагностицира со сакроилијачна осетливост, загуба на нормалната лумбарна лордоза, рестриктивна лумбарна флексија, ослабена експанзија на белите дробови поради костовертебрална зафатеност. Крајниот стадиум се карактеризира со фиксна кифоза, со одржување на главата во антериорна флексија.
Рендгенските испитувања на сакроилијачниот зглоб откриваат симетрично стеснување на зглобниот простор, замаглување на маргините на зглобот и субарахноидална склероза. Најраните рендгенски наоди на ‘рбетниот простор се промени на телата на прешлените (стануваат квадратести), што можат да се видат со латерална снимка. Рендгенските наоди имаат дијагностичка вредност само во лумбалниот дел од ‘рбетниот столб, бидејки овој наод е нормален во цервикалниот и торакалниот дел од ‘рбетниот столб. Најкарактеристичен рендгенски наод е присуството на маргинални синдесмофити. Овие се фини осификати на прстенот на интевертебралниот диск и во некои случаи и на перивертебралното сврзно ткиво. Ова може да прогредира и да настане класичен анкилозирачки „бамбус ‘рбетен столб“.
Општите тегоби се вообичаени како што се треска, загуба на телесната тежина и замор. Друтите манифестации можат да вклучат и периферна артропатија, срцеви пореметувања (како што се аортна валвуларна инсуфициенција), увеитис и пулмонална фиброза. Пулмоналното заболување доминанто ги зафака врвовите на горните лобуси, понекогаш предизвикувајки забуна со туберкулоза. Кај периферната артропатија има тенденција да се вклучат големите зглобови на нозете.
Анкилозирачкиот спондилитис е првата болест кај која се наога силна поврзаност со БХА-В27 антигенот. 90% од белците и 50% од црнците со оваа болест се В27-позитивни. Околу 20% од В27-позитивните лица евентуално развивааат симптоматски сакроилитис. Сепак, дијагнозата на анкилозирачкиот спондилитис се поставува радиографски и клинички, рутински ХЛА тестирање не се препорачува. Причината за анкилозирачкиот спондилитис останува нејасна, како и нејзината поврзаност со Н1.А-В27 антигенот.
Терапијата драматично влијае во намалувањето на симптомите и во одржувањето на функцијата на ‘рбетниот столб. Се препорачува комбинација на механички интервенции (на пр. тренинг, вежби за зајакнување, спиење на тврди подлоги) и оправдано користење на НСАИЛ. Мала е улогата на кортикостероидите кај ова заболување. Прогнозата во голема мера е определена со брзината со која напредува болеста, бидејки кај секој пациент стапката на намалување на функционалноста е прилично константна.
Реитеров синдром
Класичниот тријаз кај Реитеровиот синдром (КеИегз $упс1готе) се состои од уретритис, коњуктивитис и артритис. Иако прецизна причинска поврзаност не постои, развојот на Реитеровиот синдром се поврзува со инфекции на генитоуринарниот систем, како што е инфекција со Ск1ату<Иа ШскотаИз; и на гастроинтестиналниот тракт како што е инфекција со УегзГта, 8кГ§е11а, 8а1топе11а, и Сатру1оВасГег. Уретритисот типично е иницијална манифестација. Периферниот артритис најчесто е асиметричен и кај повекето пациенти се развива асиметричен сакроилитис.
Синдезмофити се гледаат на рбетниот столб, но за разлика од нивната појава кај анкилозирачкиот спондилитис, тие се гломазни, асиметрични и не се маргинални. Дополнителни рендгенски наоди се ерозии на местото на инсерција на Ахиловата тетива и плантарната фасција. Друти наоди ка Реитеровиот синдром вклучуваат мукокутани лезии, баланитис, хиперкератотични кожни лезии на стапалото наречени кегаЊдегта Меппоггка§Гсит.
Иако периферните клинички карактеристики често поминуваат со спонтани ремисиии, повторувачките напади резултираат со значителна неспособност. Симптоматска терапија е достапна и вклучува капки за очи и анти-инфламаторни лекови. Кај некои пациенти се потребни и лекови за модификација на болеста како што се сулфасалазин или метотрексат.
Најмалку 75% од пациентите со Рајтеровиот синдром се Н1,А-В27-позитивни. Реитеровиот синдром исто така бил опишан кај пациенти болен со имун дефициентен вирус (Н1У).
Псориатичен артрит
Помегу 10% и 20% од пациентите со псоријаза развиваат некоја форма на псоријатичен артрит. Од овие, 20% со периферен артритис и 50% со сакроилитис се Н1,А-В27-позитивни. Вклученоста на зглобот може да претходи на појавата на кожната болест и има тенденција да биде потешка кај пациенти со длабока вклученост на кожата и ноктите.
Класичната артропатија кај псоријазата се карактеризира со вклученост на дисталните интерфалангеални зглобови (Б1Р). На радиографските снимки се гледа типична лезија која се карактеризира со појава на ерозија на дисталните краеви на фалангите. Кај голен број од овие пациенти се гледаат промени на ноктите. Поретко, кај пациентите може да се развие олигоартикуларен или полиартикуларен артрит на големите или малите зглобови. АггНгтз тиШат е најдеструктивен од сите полиартропатии.
Спондилитисот кај псоријаза во суштина не се разликува од тој ка Реитеровиот синдром. Сличноста кај двете заболувања е нагласена со кожните хиперкератози заеднички за двете заболувања.
Лекови на избор се антиинфламаторните лекови, но при сериозна зафатеност на зглобовите може да бидат потребни метотрексат или азатиоприн. Понекогаш пациентите со псоријатичен артрит имаа корист од терапија со злато.
Ентеропатична артропатија
Помегу 15% и 20% од пациентите со улцеративен колитис и Кронова болест имаат придружен артритис. Периферниот артрит најчесто е недеструктивен, миграторен, транзиторен и често се појавува за време на егзацербации на постоечката основна болест на цревата. Најчесто зафатени се големите зглобови на долните екстремитети. Артритот може да претходи на почетокот на заболувањето на дебелото црево кај 10% од случаите, и во тој случај тешко е поставувањето на дијагнозата. Сакроилитисот се јавува кај околу 20% од пациентите со инфламаторна болест на дебелото црево; 50% од овие пациенти се НЛА-В27-позитивни, и радиолошките наоди најчесто не се разликуваат од тие кај анкилозирачкиот спондилитис и кај радиолошките наоди не најчесто може да се направи разлика од анкилозирачкиот артрит. Влошувањето на спондилитисот најчесто не корелира со активноста на болеста на дебелото црево.
Терапевтскиот приод се фокусира на контрола на основната болест на дебелото црево. НСАИЛ и салицилатите треба да се користат внимателно и може да се контраиндицирани за време на влошување на болеста на дебелото црево. Интраартикуларната апликација на стероиди може да биде корисна во лекувањето на периферниот артрит.
