ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Дали антибиотиците можат да се комбинираат со антидепресиви?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Корисно би било да се наведе кој антидепресив и кој антибиотик се во прашање. Постојат четири основни групи антидепресиви - SSRI (селективни инхибитори на преземање на серотонин), SNRI (инхибитори на преземање на серотонин и норадреналин), трициклични антидепресиви и MAO (инхибитори на моноаминоксидаза). А кога станува збор за антибиотиците - пеницилини, цефалоспорини, флурохинолони, макролиди, аминогликозиди... Во најголем број случаи не постојат фармакодинамски интеракции меѓу овие групи лекови. Единствено лековите кои дејствуваат против туберкулоза сигурно предизвикуваат фармакодинамски интеракции. Затоа, за прецизен одговор потребно е да се знае токму кој антибиотик и кој антидепресив се користат.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Невропсихијатрија