ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Дали покачен креатинин (121) кај активен спортист кој јаде многу месо е причина за загриженост?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Концентрацијата на креатинин во серумот зависи од гломеруларната филтрација, па е добар показател за функцијата на бубрезите. Покачените вредности на креатинин можат да бидат последица и на поголема физичка активност или употреба на стероиди. Креатининот е одреден од мускулната маса – колку повеќе мускули има, толку е повисок. Со оглед на тоа што станува збор за спортист, оваа вредност најчесто е физиолошка за таквата особа, но недоумицата најсигурно се разрешува со преглед кај нефролог. Соодветно избраната исхрана може значително да придонесе за подобрување на тренинзите и спортските резултати. Исхраната на спортистите се разликува од исхраната на останатата популација квалитативно и квантитативно, односно потребите за енергија се многу поголеми. Дневната енергетска потрошувачка зависи од видот на спортот, периодот на тренинг, како и од тоа дали се користат вежби за издржливост или за јачина. Метаболизмот на спортистите се карактеризира со голема потрошувачка на енергија – во активна фаза на тренинг и натпревари енергетските потреби се движат од 4000 до 5000 kcal дневно, а кај спортовите на сила (на пример бацање диск) можат да достигнат и до 7000 kcal. За правилно искористување на хранливите состојки, потребно е да се внесуваат во соодветен однос: белковини 10-20%, масти 10-25% и јаглехидрати 60-70%. Хидратацијата е многу важна пред, за време и по тренинг. Водата овозможува варење, апсорпција, транспорт и искористување на нутриентите, а помага и во излучувањето на штетните метаболити и одржувањето на терморегулацијата. Ако активноста трае пократко од 45 минути, доволна е обична вода; ако трае подолго, препорачливо е течноста да содржи јаглехидрати и електролити. За време на вежбање се препорачува внес на течност на секои 15-20 минути (околу 120 ml). Задолжителен е издашен, но лесно сварлив појадок кој треба да содржи околу 30% од дневните калории – млеко и млечни производи, мусли, леб, јајца, шунка и слично, придружени со чаша сок. Пред пладневната ужина се препорачува овошје и овошни сокови, а попладневната ужина треба да е богата со јаглехидрати (бисквити, пудинг, гриз, овошна салата) заради надополнување на гликогенот. Ручекот не треба да е преобилен, но треба да вклучува супа, месо, прилог, салата и десерт. Месото треба да е нежирно и лесно сварливо, а риба се препорачува најмалку двапати неделно. Прилогот може да биде варено зеленчук или тестенини, а за десерт – овошни салати, пудинг, сладолед или колачи. Вечерата треба да е лесна и да се консумира најмалку два часа пред спиење, богата со јаглехидрати со бавно ослободување (тестенини, пити, ориз на млеко, гриз) за да се надополнат гликогенските резерви. Спортистите се честа целна група на индустријата за диететски додатоци (спортски пијалаци, чоколадца, мултивитамински и минерални додатоци). Добро избраните додатоци можат да помогнат во одржувањето на мускулната маса и да го подобрат ефектот од вежбањето, а квалитетните и добро испитани додатоци можат да го олеснат опоравувањето на мускулите по тренинг.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Диететика и исхрана