Отит и други причини на болкаво увото
Со испитување на увото може да се диференцира болката во увото предизвикана од инфективни причини од онаа предизвикана од неинфективни причини (на пр. од дисфункција на аудитивната туба).
Со испитување на увото може да се диференцира болката во увото предизвикана од инфективни причини од онаа предизвикана од неинфективни причини (на пр. од дисфункција на аудитивната туба). Најчести инфекции на увото се оМГз тесИа (воспаление на средното уво со или без зафакање на блискиот мастоид) и оШз ехГегпа (воспаление на надворешниот ушен канал).
Карактеристичните симптоми со голема веројатност упатуваат на дијагнозата. Чувството на полно уво со повремено отпуштање укажува на дисфункција на аудитивната туба. Со овој термин се означува нарушувањето на балансот на воздушниот притисок од двете страни на аудитивната туба. Чешањето и чувството дека пациентот може да го допре болното место се знаци на воспалението на надворешниот ушен канал, додека воспалените на средното уво се манифестира со болка, варијабилна треска, зуење во ушите, вртоглавица и ослабнат слух.
Ушното тапанче кај воспалението на средното уво се опишува како црвено и испакнато, а при негова перфорација доага до излевање на гнојна содржина во надворешниот ушен канал. Кај надворешниот отит кожата на каналот е зацрвенета, а често постои податок за претходно внесување на туго тело.
Најчести причинители на воспалението на средното уво се §Ггер1:ососси$ рпеитотае и НаеторкИи$ тјГиепгае, па нивната каузална улога не треба да се докажува. Триметоприм/сулфаметоксазолот, амоксицилин/клавулонската киселина и цефуроксимот се емпириска терапија што се препорачува за неговото лекување.
Акутниот надворешен отит најчесто е предизвикан од кожните микроорганизми и Р$еис1отопа$ аеги§то$а и добро реагира на примената на локални антибиотици. Поретко, негови причинители се метицилинили гентамицинрезистентниот 6>Гарку1ососси$ аигеи$, фунгите и херпес вирусите.
Пациентите со воспаленија на надворешното и на средното уво кај кои не се постигнува излекување со применетата терапија, потоа пациентите со хронични или рецидивирачки воспаленија, како и со малигнен оЖ$ ех1егпа (прогресивна инфекција која често предизвикува остеомиелит на темпоралната коска) треба да бидат упатени на оториноларинголог.