Со гонококниот и негонококниот уретрит (НГУ) можат да бидат зафатени генитоуринарниот тракт, фаринксот и анусот, при што клиничките манифестации можат да бидат разновидни.
Клиничката слика на гонореја кај мажите и жените е различна. Кај најголем број од жените инфицирани со КеГззепа $опоггкоеае болеста е асимптоматска или се манифестира со дискретни симптоми. Симптомите, доколку ги има, се јавуваат седум до десет дена по сексуалниот контакт, а се состојат од дизурија и уретрален дискомфор, а понекогаш се јавува и гноен исцедок од уретрата. На размаската од цервикалниот брис обоен по Грам се гледа N. $опоггкоеае како парови од интрацелуларни Грам-негативни диплококи.
Дијагнозата кај жени се поставува тешко затоа што во вагината се присутни бактерии слични на N. $опоггкоеае.
Од друга страна, бактериите не виреат во вагината, па нивната идентификација не треба да се прави од култура од примерок од вагиналната слуз, туку од култура од примерок на цервикалната слуз.
Инфекцијата кај машите е ретко асимптоматска. Кај најголем број од нив симптомите се јавуваат два до пет дена по сексуалниот контакт. Дијагнозата кај ретките асимптоматски мажи кои имале сексуален контакт со жена со гонореја се темели врз уретрална размаска и култура. Размаската од уретралниот исцедок боена по Грам теоретски е прецизна во 100% од случаите на акутна гонореја кај мажите.
Кај пациентите од двата пола треба да се земе брис од фаринксот и од аналниот канал бидејки гонококите виреат и на нивните слузници. Гонококниот фарингит може да се помеша со стрептококна инфекција, а гнојниот исцедок и аноректалниот дискомфор предизвикан од гонококниот проктит може да се замени со улцерозен колит.
Имунофлуоресцентниот и ензимскиот имуноесеј се нови модалитети во дијагностиката на гонорејата, но според нивната сензитивност и специфичност тие не можат да ја заменат дијагностичката вредност на културелните испитувања. Култивирањето на гонококите добива уште поголема важност со појавата на резистентните видови.
Негонококниот уретрит и цервицит се најчесто предизвикани од СШатуМа ШскотаИз и од 1Јгеар1а$та игеаГуИсит. Честа е коинфекцијата со гонококи и СШатусИа. Кај сите пациенти со дијагностицирана гонококна инфекција треба да се третира и негонококната инфекција која, инаку, е почеста. Околу 25% од пациентите со негонококен уретрит се асимптоматски, а друтите се жалат на фреквентност, ургентност и дизурија. Уретралниот исцедок е пооскуден и поредок во споредба со исцедокот кај гонококната инфекција. Кламидијалниот уретрит се докажува со културелни и цитолошки испитувања, како и со директна имунофлуоресценција.
Кај жените може да дојде до појава на ендометрит и салпингит, а овие болести можат да доведат до стерилитет.
Негонококниот уретрит често е придружен со фарингит и проктит, а овие инфекции се многу ретко асимптоматски. Аналната или проктоколичната инфекција можат да бидат предизвикани од СШатусИа, сифилис, херпес симплекс, Сатру1оУас1ег, 8кг§е11а или од ЕпШтоеЈза кГ51о1уИса. Кламидијалната инфекција на окото се манифестира со чувството на туго тело во окото, односно со фоликуларен конјунктивит кој треба да се лекува.
Кај некои пациенти со кламидијална инфекција може да дојде до појава на имунопосредуван артрит, обично олигоартрит, како дел од Рајтеровиот (КеИег) синдром (артрит, увеит и промени на кожата и слузниците). Околу 80% од пациентите со Рајтеров синдром го имаат Н1А-В27 маркерот на хистокомпатибилност. Со примена на антикламидијална терапија кај овие инфекции доага до повлекување на симптомите, како и до намалување на зачестеноста на рецидивите.
Синдроми поврзани со гонорејата
Со гонорејата се поврзани два тешки клинички синдрома кои треба да се лекуваат хоспитално: пелвичната инфламаторна болест (реМс шДатшаГогу сНбеазе РШ) и дисеминираната гонореја.
Пелвична инфламаторна болест
Пелвичната инфламаторна болест се јавува кај 10 до 20% од жените со цервикална гонореја. Болеста може да биде асимптоматска и да доведе до сериозни оштетувања, но најголем број од пациентите имаат симптоми. Гонококите се шират асцендентно кон матката, а потоа кон јајцеводите. Нивното асцендентно ширење е олеснето во менструалниот период. Гнојот од јајцеводите може да премине во абдоминалната празнина и да предизвика перитонит. Пациентките најчесто се жалат на болка во долниот дел од стомакот, треска, гадење и повракање. Во крвната слика обично се наога алеукоцитоза. При палпација на карлицата може да се појави исцедок. При палпација, исто така, може да се засили болката поради придвижување на цервиксот, а може да се палпираат и задебелените и зголемени јајцеводи. Во некои случаи физикалниот наод е дискретен или отсутен. Клиничките манифестации се должат на развој на ендометрит, салпингит, тубооваријален абсцес, а можно е и настанувањето на перихепатит, односно ФицХју-кертисовиот (К1:2-Ни§ћ-Сиг11з) синдром. Можна компликација кај бремените жени е спонтан абортус, како и инфекција на новороденото. Ектопичната бременост, исто така, е можна компликација на пелвичната инфламаторна болест. Доколку болеста не се лекува доага до фиброзирање на јајцеводите и секундарен стерилитет. Инциденцијата на стерилитетот изнесува околу 20% при првата епизода на болеста, а се зголемува на 50-80% по три или повеке епизоди. Рецидивите се чести и обично се должат на реинфекција, а не на реактивација на процесот.
Околу една половина од случаите со пелвична инфламаторна болест се предизвикани од СШатусИа, Мусор1азта котгтз, или од мешана флора од аеробни и анаеробни бактерии, а не само од гонококите. Доколку од цервикалната култура на пациентките со пелвична инфламаторна болест се детектираатгонококи, тие се сигурниот предизвикувач на болеста.
Гонококцемија
Гонококите можат да навлезат во крвта и без манифестни локални симптоми на гонореја, а менструалниот период е особено погоден за развој на гонококната бактериемија. Дисеминацијата зависи од карактеристиките на организмот на пациентот, како и од карактеристиките на гонококниот сој. Стадиумот на бактериемија се манифестира со позитивни хемокултури, треска, полиартралгии (колена, лакти и мали зглобови на дланката), како и со промени на кожата на долните екстремитети. Промените на кожата се мали црвени папули или петехии кои често се превидуваат. Тие можат да се изгубат или да преминат во пустули на кои понекогаш се појавува сив некротичен центар. Гонококите се често присутни во кожните промени, ретко во зглобовите на болните, а кај околу 80% од пациентите се откриваат од брис земен од некоја слузница. Доколку се задоцни со лекувањето, може да се развие септичен артрит кој може да доведе до анкилоза на зглобот. Гонококниот артрит е веројатно најчестата форма на акутен артрит кај младите адулти. Кај пациентите често се откриваат ЕКГ промени кои укажуваат на перикардит, како и нарушена функција на црниот дроб. Ретко се развива менингит, ендокардит или остеомиелит.
Третман
Најголемо значење за терапијата има резистенцијата на некои гонококни видови на пеницилин која се должи на плазмид-посредуваната Р-лактамаза или на хромозомски посредувана резистенција. Ако пред петнаесетина години терапијата со пеницилин била адекватна за најголем број од пациентите со генитална гонореја во САД, тоа повеке не е така. Актуелна препорака на Американскиот сервис за јавно здравје (1Ј.5. РиБНс НеаНН бетсе) е гонорејата да се лекува со една интрамускулна инјекција цефтриаксон. Подеднакво ефикасна е и еднодневната терапија со орален кинолон. Со оглед на тоа што голем број од пациентите со гонококна инфекција имаат и инфекција со СШатусИа, антигонококната терапија треба да се комбинира со антикламидијална терапија (доксициклин, еритромицин или азитромицин). Пациентите со дисеминирана гонореја треба болнички да се лекуваат до повелкување на симптомите. Гонококцемијата се лекува со цефтриаксон во тек на 7 до 10 дена во комбинација со антикламидијална терапија. Во текот на бременост се препорачува лекување со еритромицин или ампицилин.
Хоспитализацијата на пациентките со пелвична инфламаторна болест се препорачува во случаите суспектни за акутен абдомен (апендицит, ектопична бременост, дивертикулит, ендометриоза), потоа кај бремените жени или кога поради тежината на болеста не е можно домашно лекување. Постојат повеке тераписки модалитети за лекување на болеста. Парентералната терапија треба да ги покрие гонококите, СШатусИа, како и абдоминалните аеробни и анаеробни бактерии. Сите пациенти и нивните сексуални партнери треба да се следат (микробиолошки испитувања) за да се утврди дека инфекцијата е ерадицирана. Превенцијата на повторните инфекции е задолжителна, а за најдобра превенција на пренос на инфекцијата се сметаат кондомите од латекс.
