Примената на лабораториските тестови ја зголемува веројатноста за ефикасност на антибиотската терапија. Размаските и културите треба да го содржат инфективниот агенс или, доколку не е познат изворот на инфекцијата, културите треба да се прават со различен биолошки материјал во кој можат да се откријат бактерии, како на пр. крв, урина, спутум, цереброспинален ликвор, фецес и др.
Лабораториски испитувања
Се смета дека бактериите се осетливи на одреден антибиотик доколку концентрацијата на антибиотикот што може да се постигне на местото на инфекцијата е повисока од таа што е потребан да се инхибира нивниот раст. Осетливоста на бактериите најчесто се испитува со инхибиција на нивниот раст на диск кој содржи стандардна концентрација од антибиотикот. Во случаите кога е потребна ерадикација на инфекцијата (на пр. кај пациентите со ендокардит или кај инфекциите кај имунокомпромитирани пациенти) може да се одреди минималната инхибиторна концентрација (ттипа1 тћЉИогу сопсеп1гаПоп М1С), како и минималната концентрација која ке ги уништи бактериите, односно минималната бактерицидна концентрација (питта1 Бас1:еиас1а1 сопсеп^гаИоп МВС). Исто така, може да се одреди и ефикасноста на антибиотикот во серум (серумска бактерицидна концентрација) со инкубација на раствор од серумот на пациентот со инфективниот агенс. Постојат неколку тестови со кои се оценува осетливоста на бактериите или фунгите на одредени антибиотици.
Кај некои антибиотици постои мала разлика помегу тераписката и токсичната доза. Тоа е случај, на пример, со ванкомицинот и аминогликозидите. При примена на овие антибиотици треба внимателно да се следат нивните концентрации во серумот за да се овозможи правилно дозирање со минимален ризик од токсични ефекти. Серумските концентрации на антибиотиците треба да се мерат и кај пациентите со болест на бубрезите или црниот дроб затоа што во обата случаја нивниот полуживот во организмот може да биде продолжен.
B-лактамски антибиотици
Антибактериската активност на пеницилините и цефалоспорините се должи на присутноста на (3-лактамски прстен во нивната структура.
Некои бактерии имаат или можат да синтетизираат ензими кои го разградуваат и инактивираат овој прстен. Овие ензими можат да ги разградат сите вакви прстени ((3-лактамази) или само прстените на одредени видови лекови (пеницилинази или цефалоспоринази). Во фармацевтската индустрија се прават интензивни напори за надминување на овој проблем, односно за заштитување на р-лактамазата од дејството на бактериските ензими. Секоја нова супстанција или група на сродни супстанции се нарекуваат нова генерација од соодветниот антибиотик, но, придобивките од една страна често се поврзани со некои несакани активности од друга страна, што е особено изразено кај цефалоспорините.
И покрај сличната структура, зачестеноста на вкрстената алергија помегу пеницилините и цефалоспорините не е висока, односно изнесува околу 10%. За секој случај, кај пациентите со позната алергија на пеницилин не треба да се дава цефалоспорински препарат доколку за лекување на актуелната инфекција постои друг ефикасен антибиотик.
Пеницилини
Постојат три основни класи пеницилини: осетливи на (3-лактамаза, резистентни на (3-лактамаза и пеницилини со широк спектар осетливи на |3-лактамаза.
Пеницилините осетливи на Р-лактамаза можат да се применуваат орално (пеницилин V), интравенски (воден раствор на пеницилинот С), интрамускулно (прокаин пеницилин и бензатин пеницилин, односно пеницилин со продолжен полуживот). Пеницилините се лек на избор за лекување на инфекциите предизвикани од на нив осетливите бактерии со оглед на нивната ефикасност и на ниската зачестеност на несакани дејства. Иако многу пациенти даваат податок за реакции на преосетливост на пеницилин, зачестеноста на вистинските алергиски реалкции е ретка. Овие лекови се применуваат во лекувањето на инфекциите предизвикани од Грам-позитивни коки (стрептококи и пневмококи), Грам-негативни коки (менингококи и гонококи), спирохети и повеке анаеробни бактерии (на пр. СЊвГпсНит рег/гт$епз и С1оз1псИит Шат). Не се ефикасни во лекување на инфекциите предизвикани од повекето видови стафилококи, Грам-негативните бацили и анаеробите Ва&егоШез /га%Шз.
Пеницилините резистентни на (3-лактамаза се синтетизирани за лекување на стафилококните инфекции. Тие можат да се применуваат парентерално (нафцилин, оксацилин и метицилин) и орално
(диклоксацилин). Несаканите ефекти се почести кај оваа група пеницилини, а најчести се нивното нефротоксично, хепатотоксично и миелотоксично дејство. Поради високата инциденција на нефрит, примената на метицилин е заменета со примена на нафцилин или оксицилин.
Пеницилините со широк спектар се ефикасни во лекување на инфекциите предизвикани од повеке Грам-негативни бацили. Ампицилинот, достапен во орална и парентерална форма, и амоксицилинот, достапен во орална форма, се ефикасни против истите бактерии како и пеницилинот С, но исто така и против повекето видови на ЕзскепскГа соИ, РгоГеиз тггаШгз, 8а1топе11а и 8кГ$е11а. Повекето видови на НаеторкИиз т/1иепгае се, исто така, осетливи на овие антибиотици. Како и пеницилинот С, ампицилинот и амоксицилинот не се ефикасни против 8Шрку1ососсиз аигеиз. Други пеницилини со широк спектар на антибактериско дејство, какви што се карбоксипеницилините (карбеницилин и тикарцилин), уреидопеницилините (мезлоцилин и азлоцилин) и пиперазин пеницилините (пиперацилин), се ефикасни и против ЕМегокасГепасеае и РзеиЉо-топаз аеги§тоза.
Со комбинацијата на инхибитор на Р-лактамазата (сулбактам или клавулонска киселина) со ампицилин, амоксицилин или тикарцилин уште повеке се проширува антибактерискиот спектар на овие пеницилини. Со додавањето на клавулонска киселина, овие антибиотици стануваат ефикасни против бактериите што создаваат Р-лактамаза, какви што се 5. аигеиз, Н. тјГиепгае, Е. соИ и Мегззепа §опоггкоеае.
Најчести несакани дејства на пеницилините се алергиските реакции (обично кожен исип, ретко анафилактична реакција), гастроинтестиналните ефекти (повракање, пролив, ретко псевдомембранозен колит), невролошките ефекти (конвулзии при предозирање) и хематолошките ефекти (анемија и неутропенија). Кај пациентите со докажана алергија на пеницилин можно е изведувањето ан десензибилизација.
Цефалоспорини
Потребата од антибиотици со поширок спектар на дејство од тој на пеницилините довела до синтеза на цефалоспоринските антибиотици. Антибиотиците од оваа голема група се синтетски или семисинтетски. Нивниот антибактериски спектар е во корелација со хемиската структура според која овие антибиотици се класифицираат во четири генерации. Антибактерискиот спектар на првата генерација цефалоспорини ги вклучува 5. аигеиз, 8Шрку1ососсиз ерШегтШз, 81гер1ососсиз, К1еШе11а, РгоГеиз и Е. сок.
Цефалоспирините, исто така, се ефикасни против анаеробните бактерии, со исклучок на В. јга%Ш$. Не се ефикасни против ЕпГегокасГег, 8еггаИа, Р$еи4о-топа$, ентерококи, метицилин-резистентниот 8Шрћу1ососси$, И$1епа, и пеницилин-резистентниот 8ГгерГососси$ рпеитотае. Цефалоспиронит е од прва генерација, особено цефазолинот со високите концентрации во серумот, се најефикасни во хируршката профилакса, како и во третманот на повеке Грам-негативни инфекции.
Со проширувањето на антибактерискиот спектар на цефалоспорините на Грам-негативните бактерии, се намалува нивниот спектар на дејство против Грампозитивните бактерии. Од друга страна, за клинички цели, антибактерискиот спектар кон Грам-позитивните бактерии на првата и втората генерација цефалоспорини е сосема задоволувачки што не се однесува на цефалоспорините од трета генерација. Нивната Грам-позитивна активност е многу помала од претходните генерации цефалоспорини, но нивниот Грам-негативен спектар е супериорен, а некои од нив се ефикасни и против Р$еиАотаопа$ аеги$то$а.
Во поглед на антибактериската активност на цефалоспорините предвид треба да се имаат следниве препораки:
1. 5. аигеи$ резистентен на метицилин е резистентен и на сите цефалоспорини и инфекциите со оваа бактерија треба да се лекуваат со ванкомицин.
2. Повекето видови на В. /га§Ш$ се осетливи на цефокситин, цефотетан, цефтизоксим, моксалактам и имипенем, но за лекување на инфекциите предизвикани од овие бактерии се препрачуваат ме-
тронидазолот и клиндамицинот поради нивната поголема ефикасност и пониска цена.
3. Инфекциите со Н. т/1иепгае треба да се лекуваат со цефалоспорините од втора генерација (освен со цефокситинот) и цефалоспорините од трета генерација.
4. Инфекциите со Р$еиЉтопа$ аеги%то$а треба да се лекуваат со трето-генерациските цефалоспорини.
5. N. §опоггћоеае е осетлива само на цефокситинот и цефтриаксонот.
6. Третманот на менингитот зависи од можноста на антибиотикот да ги минува менингите. За оваа цел обично се користат цефтриаксонот, цефотаксимот и цефтазидимот.
7. некои цревни бактерии резистентни на цефалоспорините од трета генерација се осетливи на цефепимот.
Несаканите дејства на цефалоспорините обично се лесни, а најчести се: кожни исипи, треска и еозинофилија. Цефалоспорините начелно можат да се применуваат кај лицата со пеницилинска алергија која се манифестирала со кожен исип, но не се препорачува нивна примена кај лицата кај кои настанала анафилактична реакција при примената на пеницилин. Можност за појава на антикоагулантен ефект предизвикан од инхибиција на витамин К постои кај моксалактамот, цефамандолот, цефменоксимот и кај дефотетанот.
На фармацевтскиот пазар се наогаат повеке цефалоспирини и секоја година се воведуваат нови препарати. Цефалоспорините сигурно не се универзалните антибиотици со кои може да се лекува секоја бактериска инфекција. Нивната многу широка и неадекватна примена многу придонесува за појавата на резистентни соеви на бактериите. Искуствената примена на овие антибиотици не може да биде замена на микробиолошките испитувања, односно на идентификација на причинителот на инфекцијата и на примена на терапија со ефикасен и најмалку токсичен антибиотик.
Аминогликозиди
Аминогликозидите и понатаму остануваат примарно оружје против Грам-негативните инфекции. Најчесто користени антибиотици од оваа група се гентамицинот и тобрамицинот. Стрептомицинот, првиот применет лек од оваа група, денес се користи само во некои случаи поради појавата на многу резистентни бактериски видови.
Гентамицинот и тобрамицинот се применуваат парентерално и се ефикасни антибиотици против речиси сите Грам-негативни бацили, вклучително и Р. аеги$то5а. Аминогликозидите често се применуваат во комбинација со други антибиотици поради потврдениот синергистички ефект. Нивни најважни несакани дејства се ототоксичноста (почесто е оштетувањето на вестибуларната функција) и акутната бубрежна слабост. Дозирањето на овие лекови мора да се прилагоди кај пациентите со нарушена бубрежна функција. Кај сите пациенти при примената на овие лекови се препорачува следење на вредностите на параметрите од урината и на клиренсот на креатининот за да се намали ризикот од можната токсичност. Највисоката концентрација што се постигнува по апликацијата на лекот треба да се одржува во терапискиот ранг за лекот да биде ефикасен. Доколку највисоката (врвната) концентрација премине во токсичен ранг, дозата на лекот се намалува. Преостаната концентрација на лекот во крвта, односно концентрацијата на лекот непосредно пред примена на нова доза, треба да се одржува на ниски вредности, бидејки во спротивно се зголемува ризикот за тоскични ефекти. Доколку вредноста на преостанатата концентрација е висока, се зголемува интервалот помегу дозите. Не постои апсолутна точка на влошување на бубрежната функција при која треба да се прекине примената на лекот. Кај секој пациент треба да се споредува тежината на несаканите дејства во однос на тежината на Грам-негативната инфекција. Како најуспешен модел за лекување на животнозагрозувачките инфекции се покажал моделот на секојдневно дозирање (бт§1е-с1ау с1обт§). Со овој модел не е потребно следење на врвната и преостанатата концентрација на лекот, а не е зголемен ризикот од ототоксичност и нефротоксичност.
Тобрамицинот има поизразено антипсеудомонално дејство во споредба со гентамицинот, но, од друга страна, гентамицинот во комбинација со пеницилин е подобар избор за третман на ентерококните инфекции доколку кон него не постои суспектна резистенција на бактериите.
Амикацинот е аминогликозид што се применува во третманот на Грам-негативните инфекции резистентни на гентамицин и тобрамицин, а има слични несакани дејства како и тие лекови.
Еритромицин, клиндамицин и слични лекови
И покрај различната хемиска структура, еритормицинот и клиндамицинот имаат сличен антибактериски
спектар. Дозите на двата лека треба значајно да се намалат кај пациенти со нарушена бубрежна функција.
Еритромицинот најчесто се применува како алтернативен антибиотик кај пациентите кои се алергични на пеницилин. Тој е ефикасен против Грам-позитивните бактерии (повекето стрептококи, пневмококи и стафилококи), но има варијабилна ефикасност против 8Шрку1ососсиз ерШегтШз. Видовите на 5. аигеш бргу постигнуваат резистенција кон еритромицинот, па затоа тој не треба да се применува во третман на тешките стафилококни инфекции. Еритромицинот често се применува за лекување на пневмонијата стекната во заедница (соттипИу-асдшгес! рпеитоша) и е еден од лековите на избор за третман на инфекциите предизвикани од 1е$Гопе11а и од Мусор1а$та рпеитотае Иако обично се применува орално, постоји и парентерален (интравенски) облик на лекот. Несаканите дејства на еритромицинот се лесни. Кај околу 25% од пациентите што примаат еритромицин доага до појава на несакани гастроинтестинални дејства, додека при интравенска апликација на високи дози еритромицин може да дојде до појава на локална иритација и/или склероза на вената.
Кларитромицинот и азитромицинот се макролидни антибиотици слични на еритромицинот. Тие се достапни во орална форма и имаат долг полуживот, па не треба да се примаат често како што е случај со еритромицинот. Тие, исто така, имаат гастроинтестинални несакани дејства. Како еритромицинот, двата лека се ефикасни против Грам-негативните бактерии, но ефикасни се и кон Н. тјГиетае. Кларитромицинот и азитромицинот се ефикасни и против МогахеИа саШггкаШ, чест респираторен патоген кој е резистентен кон Р-лактамите. Кларитромицинот е ефикасен лек против НеИсоВа&ег ру1оп, бактерија поврзана со улкусната болест, а азитромицинот применет во една доза е ефикасен во третманот на уретритите и цервицитите предизвикани од СМатусИа ШскотаИз. Кај обата лека се истражува ефикасноста против инфекциите предизвикани од анаероби и токсоплазма кај пациентите со стекнат имунодефициентен синдром. Овие два лека имаат повеке предности во однос на еритромицинот поради што многу често се применуваат кај амбулантските пациенти, а една од нивните ретки лоши страни е високата цена. Диритромицинот е нов макролиден антибиотик со слични карактеристики на другите лекови од оваа група.
Клиндамицинот е ефикасен антибиотик за инфекциите предизвикани од Грам-позитивните бактерии, како и за инфекциите предизвикани од повеке анаеробни бактерии, помегу другите и за тие предизвикани од В. /га$Ш$. Не се препорачува неговата примена во лекување на инфекции на ЦНС поради слабата продорност. Најважен проблем поврзан со примената на клиндамицин е неговата токсичност за гастроинтестиналниот систем. Имено, кај околу 20% од пациентите кои го применуваат овој лек се јавува пролив, а кај мал процент од нив настанува псевдомембранозен колит, тешка болест на цревото предизвикана од токсинот на СЊзГгШит ЛфсИе.
Тетрациклини
Тетрациклините се бактериостатски антибиотици со широк спектар на дејство против многу Грампозитивни, Грам-негативни и анаеробни бактерии. Со оглед на нивната ниска цена и мала токсичност (најчести несакани дејства им се гастроинтестиналните тегоби и фотосензитивноста) тие се многу применувани лекови за амбулантскиот третман на респираторните (синузит, бронхит и др.) и некомплицираните уринарни инфекции, како и во превенција на патничкиот пролив. Тие, исто така, се ефикасни во лекувањето на инфекциите предизвикани од рикеции, кламидии (на пр. пситакоза, трахом и негонококен уретрит), како и на повеке други ретки инфекции. Тетрациклините се лекови на избор за третман на Лајмовата (Гуте) болест. Од друга страна, тетрациклините ретко се употребуваат во третманот на тешките инфекции поради постоењето на поефикасни бактерицидни антибиотици. Иако постојат повеке тетрациклински препарати, најмногу применувани се тетрациклинот (се дава четири пати на ден) и доксициклинот (се дава два пати или еднаш дневно). Постојат и интравенски форми на овие антибиотици. Миноциклинот се применува во лекувањето на акни. Тетрациклините не смеат да се даваат на бремени жени поради тоа што можат да предизвикаат нарушувања во развојот на скелетот и жолта пребоеност на забите на фетусот.
Хлорамфеникол
Хлорамфениколот е антибиотик со широк спектар на дејство и добра продорност во сите ткива, вклучително и ЦНС, но со оглед на неговата миелотоксичност се применува за краткотрајно лекување на серизни инфекции. Тој е ефикасен против анаеробните бактерии (вклучително и В./га%Ш$), Н. 1пј1иепгае и 8а1топе1а 1урШ. Од друга страна, за сите овие индикации можат да се применат и други ефикасни антибиотици. Хлорамфениколот се уште се применува во емпириската терапија на мозочниот апсцес и на бактерискиот менингит.
Токсичните ефекти што се дозно зависни се јавуваат по 5 до 7 дена од неговата примена, а се манифестираат прво со намалено создавање на еритроцити, а потоа и на леукоцити и тромбоцити. Токсичните ефекти се јавуваат почесто доколку тој се користи во дневна доза поголема од 4 §, особено кај пациентите со нарушена функција на црниот дроб. Апластичната анемија, најтешката манифестација на неговаото миелотоксично дејство, ретко се јавува. Хлорамфениколот не треба да се применува кај новородени, а кај мали деца или деца со цитична фиброза треба да се применува внимателно поради можноста од појава на оптички неврит.
Ванкомицин
Ванкомицинот е бактерициден антибиотик што примарно се користи во терапијата на стафилококните инфекции. Оралниот ванкомицин кој многу слабо се апсорбира во цревото се применува за лекување на псевдомембранозниот ентероколит. Парентералниот ванкомицин е прилично токсичен антибиотик поради што се применува само во лекувањето на инфекциите предизвикани од метицилин-резистентните стафилококи и тешките инфекции (стрепто или стафилококни) кои од различни причини не можат да се лекуваат со пеницилин, сефалоспорини или еритромицин. Исто така, ванкомицинот се применува во профилаксата на бактерискиот ендокардит кај пациенти кои не можат да ја примаат стандардната антибиотска профилакса. Во комбинација со аминогликозидите, ванкомицинот се применува во емпириската терапија на бактерискиот ендокардит дури не се идентификува неговиот причинител. За жал, многу бактериски видови се резистентни на ванкомицин, па фармацевтската индустирја вложува големи напори за добивање на антибиотик ефикасен против бактериите резистентни на ванкомицин.
Најважни токсични дејства на ванкомицинот се неговата ототоксичност и нефротоксичност. Тие можат да се избегнат со следење на неговите концентрации во серум, особено кај пациентите со бубрежна слабост. Други несакани дејства се појавата на тромбофлебит и синдромот на црвен човек кој се манифестира со дифузен еритематозен исип на кожата и хипотензија, а се јавува поради ослободување на хистамин при брза интравенска инфузија на ванкомицин.
Сулфонамиди
Сулфонамидите биле првите антибиотици воведени во клиничката практика, но настанувањето на резистентни бактериски видови, како и откривањето на поефикасни и помалку токсични антибиотици значајно ја намалува нивната примена.
Сулфонамидите денес се лек на избор само за лекување на нокардиозата и за профилакса на пневмонија предизвикана од Рпеитосузт саппи. Комбинацијата на сулфаметоксазолот со триметоприм сулфатот има широка примена, а нејзината ефикасност се должи на способноста на двата лека да дејствуваат во две последователни точки од синтезата на фолат. Сулфаметоксазол-триметопримот е достапен во орална форма и во форма за интравенска апликација, а неговиот спектар на дејство ги вклучува стафилококите, стрептококите, пневмококите, Н. тјИиепгае и повеке Грам-негативни бацили. Тој може да се користи како профилакса на рекурентните уринарни инфекции, егзацербациите на ХОББ и патничкиот пролив, како и за лекување на инфекциите предизвикани од Р. сагти. Исто така, кај имунокомпромитираните пациенти тој се користи и како профилакса на инфекциите предизвикани од Р. саппп и од Тохор1а$та ^опсШ. Со оглед на неговата одлична продорност во простатата, сулфаметоксазол-триметопримот се применува и кај пациентите со простатит.
Несакани ефекти се анемија, тромбоцитопенија, хепатотоксичност и кожни исипи кои ретко можат да прогредираат до Стивенс-Џонсонов (бГеуеш-Јоћшоп) синдром (фулминантна мукокутана ерупција). Лицата со дефицит на глукозо-6-фосфат дехидрогеназа не треба да примаат сулфонамиди поради ризикот од појава на хемолитичка анемија.
Метронмдазол
Метронидазолот примарно се применува во третман на инфекциите предизвикани од Тпскотопаз и на неспецифичниот вагинит. Исто така, тој е ефикасен лек против анаеробните инфекции, вклучително и оние предизвикани од В. /га§Ш$. Во одредени случаи тој може да биде применет наместо клиндамицинот или хлорамфениколот. Исто така, во одредени случаи метронидазолот се применува наместо ванкомицинот во третман на ентероколитот предизвикан од С. (Иј/гсИе. Несакани ефекти се реакција слична на реакцијата на дисулфрам по земање алкохол и периферната невропатија.
Нитрофурантоин
Нитрофурантоинот се применува во лекувањето на уринарните инфекции, како и во нивната превенција кај лицата со рецидивирачки уринарни инфекции. При неговата примена постои ризик од настанување на хиперсензитивен пневмонит.
Кинолони
Флуорираните 4-кинолони се антибактериски лекови синтетизирани од налидиксичната киселина, а бактерицидното дејство се должи на инхибирање на бактериската ДНК-гираза. Тие имаат широк спектар на дејство и се применуваат во третманот на повеке инфекции предизвикани од Грам-позитивни и од Грам-негативни бактерии. Многу се ефикасни во лекувањето на патничкиот пролив, како и во третманот на генитоуринарните и гастроинтестиналните инфекции, потоа респираторните, ОРЛ и инфекциите на коските и меките ткива. Кинолоните се поскапи лекови во споредба со другите антибиотици. Можат да го нарушат развојот на зглобната рскавица поради што не треба да се даваат кај деца, како и кај бремени жени и доилки. Кај повозрасните пациенти можат да предизвикаат транзиторни невролошки симптоми. ‘
Во кинолони од првата генерација спагаат ципрофлоксацинот, норфлоксацинот и офлоксацинот. Сите овие антибиотици се прилично применувани поради нивниот широк спектар на дејство, начин на дозирање и релативно ниската зачестеност на несаканите дејства. Од друга страна, нивната широка примена доведува до појава на резистентни бактериски видови. Поновите флуорокинолони (левофлоксацинот и сродните кинолони) имаат различен спектар на дејство, односно се многу ефикасни против патогените што предизвикуваат типични и атипични пневмонии и други респираторни инфекции.
Имипенем
Имипенемот, дериват на тиенамицинот, е |3-лактамски антибиотик со поширок спектар на дејство во однос на другите (3-лактамски антибиотици. Тој е достапен во комбинација со циластатин, супстанција што го продолжува неговиот полуживот и го спречува создавањето на неговите нефротоксични метаболити. Имипенемот е ефикасен антибиотик против најголемиот број Грам-позитивни и Грам-негативни антибиотици, а е екстремно ефикасен против анаеробните бактерии, вклучително и В./га§Ш$. Стафилокоите резистентни на метицилин, Мусор1а$та, СШатуМа и некои видови на Р$еиЛотопа$ се ретките микроорганизми резистентни на имипенем. Основна индикација за примена на имипенемот се тешките нозокомијални инфекции.
Имипенемот не треба да се применува како единствен антибиотик во лекувањето на која било псевдомонална инфекција поради брзиот развој на резистенција. Исто така, тој не треба да се применува во
лекувањето на ентерококниот ендокардит поради тоа што не е бактерициден за ентерококите.
Лесно е достапен само во парентерална форма. Несаканите дејства се ретки, а негова примена не се препорачува кај пациентите алергични на пеницилин.
Азтреонам
Азтренамот е монобактам, друг парентерален ЈЗлактамски антибиотик. Тој е многу ефикасен против Грам-негативните бактерии, а речиси неефикасен против Грам-позитивните. Се карактеризира со ниска токсичност, а нема вкрстена преосетливост со другите Р-лактамски антибиотици. Основна индикација за неговата примена се тешките грам-негативни инфекции наместо аминогликозидите. Од друга страна, поради брзиот развој на резистентни видови на азтреонам, аминогликозидите остануваат лекови на избор за третман на тешките инфекции со Грамнегативни бактерии.
