Инфективни болести

Гениталeн херпес

Гениталниот херпес е една од најчестите СПБ. Во 80 до 90% од случаите болеста е предизвикана од вирусот на херпес симплекс тип 2, додека во преостанатите случаи причинителот е херпес симплекс вирусот од тип 1.
Гениталниот херпес е болест со изразена склоност кон рецидивирање.

Гениталниот херпес е една од најчестите СПБ. Во 80 до 90% од случаите болеста е предизвикана од вирусот на херпес симплекс тип 2, додека во преостанатите случаи причинителот е херпес симплекс вирусот од тип 1.
Гениталниот херпес е болест со изразена склоност кон рецидивирање. Од друга страна, пак, резултатите од истражувањата укажуваат дека кај сероконвертираните пациенти околу 50% од жените и повеке од 70% од мажите инфекцијата била асимптоматска. При симптоматските инфекции, кај првата инфекција клиничкиот синдром е потежок во споредба со оној кај рецидивите. Симптомите се појавуваат по период на инкубација што трае 2 до 10 дена, често со продроми од типот на парестезии на местото на идната кожна промена.

Промената се состои од една или неколку болни везикули на еритематозна основа кои подоцна улцерираат. Кожните промени обично се придружени со ингвинална лимфаденопатија, како и со системски симптоми (премаленост, миалгии, главоболка и лесна треска). Кај пациентите може да се развие лесен менингит или плеоцитоза во цереброспиналната течност без воспаление на менингите.

Симптомите перзистираат две до три недели. Симптомите на рецидивите се слични на симптомите од иницијалниот синдром, но обично се полесни и пократко трајат. Кај повекето пациенти се јавуваат пет до десет епизоди на генитален херпес во текот на една година. Според поновите истражувања вирусите можат да се реплицираат без никакви симптоми и знаци на инфекција. Зафакањето на уретрата се јавува обично кај жени, а се манифестира со дизурија. Може да дојде до појава на сакрален радикуломиелит со ретенција на урината, односно со нарушувања на функцијата на мочниот меур и на цревото. Во последно време зголемена е инциденцијата на перианалниот херпес симплекс, особено кај хомосексуланите мажи. Тешка и перзистентна инфекција со херпес симплекс вирусот од типот 2 може да се јави кај пациентите со СИДА која се манифестира со колит, езофагит и пневмонија.

Еден од најтешките аспекти на гениталниот херпес симплекс е можноста тој од инфицирана мајка да се пренесе во текот на породувањето на новороденчето. Голем број од новородените инфицирани со овој вирус умира или добива иреверзибилни невролошки или офталмолошки оштетувања. Кај породувањето со царски рез не постои ризик од пренос на инфекцијата.

Кај примарниот генитален херпес се прпеорачува интравенска или орална терапија со ацикловир. Локална терапија не се препорачува кај рецидивите на гениталниот херпес. Оралниот ацикловир се применува во профилаксата и лекувањето на рецидивирачкиот генитален херпес. Применети по орален пат, ацикловирот или валацикловирот (негов естер со поголема биорасположивост) ја намалува тежината и зачестеноста на рецидивите. Ефикасни против вирусите на херпес симплекс се и други антивирусни агенси, на пр. фамцикловир, цидофовир и ганцикловир. Интравенски применетиот ацикловир е ефикасен во лекувањето на дисеминираната инфекција со херпес симплекс вирусите кај имунокомпромитираните пациенти. Кон ацикловирот може да се развие резистенција на вирусите и таа треба да биде земена предвид кај случаите рефрактерни на терапија.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button