Иако вакцинацијата и пасивната имунизација (примена на у-глобулини) се најдобри начини за контрола на вирусните инфекции, постојат неколку лекови со докажана антивирусна активност. Сепак, нивниот спектар на активност е ограничен и се применуваат во специфични клинички ситуации. Видарабинот, ацикловирот, рибаваринот и ганцикловирот се пурински или пиримидински нуклеозиди кои во својот метаболизам интерферираат со транскриптните механизми на вирусите.
Иако сите тие се ефикасни против голем број вируси, тие се применуваат по одредени индикации.
Видарабинот и ацикловирот се применуваат во третманот на инфекциите предизвикани од херпес вирусите. Видарабинот е ефикасен против вирусот варичела/херпес зостер, неонаталниот и мукокутаниот херпес симплекс, како и против херпес симплекс кератитот. Ацикловирот е ефикасен против гениталниот херпес симплекс, херпес симплекс енцефалитот и мукокутаниот херпес симплекс. Исто така, тој се применува кај имунокомпромитираните пациенти во лекувањето на херпес зостер и варичела, како и во лекувањето на езофагеалниот, аналниот и гениталниот херпес симплекс. Вала-цикловир е дериват на ацикловирот со поголема биорасположивост. Поновите агенси, какви што се пенцикловирот и фамцикловирот, исто така се применуваат во третманот на херпес зостер и херпес симплекс, а во текот на денот се земаат поретко од ацикловирот.
Рибаваринот се применува за лекување на инфекциите на долниот респираторен тракт предизвикани од респираторните синцицијални вируси, а се истражуваат можностите за негова примена во третман на А и Б грипот, Ласа (Хазза) треската и хепатитот А.
Ганцикловирот се применува во лекувањето на инфекциите предизвикани од цитомегаловируси (СМУ), особено во случаите на цитомегаловирусниот ретинит кај пациентите со СИДА. Тој, исто така, се применува во лекувањето на другите цитомегаловирусни инфекции, вклучително пневмонија, колит и езофагит кај имунокомпромитирани пациенти. Од скоро е достапна и оралната форма на лекот.
Според некои автори, фоскарнетот е лек на избор за лекување на цитомегаловирусниот ретинит кај пациентите со СИДА. Со оглед на неговата тешка подносливост, примената на фоскарнет се препорачува кај пациентите кои не поднесуваат или развиле резистенција кон ганцикловирот. Фоскарнетот, исто тка, се применува за лекување на херпес зостер и херпес симплекс кај пациентите со СИДА. Неговата токсичност се објаснува со фактот дека тој е аналог на неорганскиот пирофосфат. Најчести токсични дејства се деплецијата на двовалентните јони (калциум и магнезиум) во серумот и нарушувањата на бубрежната функција. Фоскарнетот покажува синергизам со ганцикловирот против цитомегаловирусите, како и со зидовудинот против хуманиот вирусот на СИДА.
Цидофовирот е аналог на деоксицитозин монофосфатот со т уИго активност против повеке вируси, какви што се цитомегаловирусите, Епштајн-Баровиот (ЕрзМп-Вагг) вирус, хуманите херпес вируси ННУ-6 и ННУ-8 и против аденовирусите. Овој лек се применува во третманот на резистентните цитомегаловирусни инфекции, но поради високата токсичност примената треба да биде крајно внимателна.
Амантадинот и римантадинот се применуваат како профилактични лекови за грипот предизвикан од вирусот А, а може да се дадат и во раниот стадиум на манифестен грип А за да се скрати траењето на болеста и да се намали степенот на нејзината тежина. Најчести несакани дејства што се јавуваат при примена на амантадин се гастроинтестиналните и невролошките. Зачестеноста, пак, на несаканите дејства врз ЦНС при примената на риматадин е значајно пониска.
Од неодамна се достапни два нови антивирусни лека ефикасни против вирусите на грип А и Б: оселта-
мивир (орална форма) и занамивир (интраназална и интравенска форма). Двата лека пружаат заштита од инфекцијата со овие вируси и го редуцираат нивниот титар во серумот, како и симптомите на болеста, доколку се применат во раната фаза на манифестна болест. Според резултатите од прелиминарните истражувања нивната профилактична активност не е поголема од онаа на амантадинот и римантадинот.
