Aнтифунгални лекови
Амфотерицин Б е лек што се аплицира интравенски, а е ефикасен теоретски против сите системски микози. Третманот со амфотерицин Б се започнува со мала тест доза, а истовремено се аплицираат антихистаминик и кортикостероид за да се превенира раната системска реакција која според интензитетот варира од треска со болки во мускулите до хипотензија и анафилактичен шок.
Амфотерицин Б е лек што се аплицира интравенски, а е ефикасен теоретски против сите системски микози. Третманот со амфотерицин Б се започнува со мала тест доза, а истовремено се аплицираат антихистаминик и кортикостероид за да се превенира раната системска реакција која според интензитетот варира од треска со болки во мускулите до хипотензија и анафилактичен шок. Доколку не дојде до системска реакција, дневните дози постепено се зголемуваат, а целиот третман трае неколку недели.
Амфотерицинот Б е еден од најтоксичните антимикробни агенси. Покрај ризикот од рана системска алергиска реакција и од појава на локален флебит на местото на апликација, лекот има висока нефротоксичност. Кај сите пациенти се бележи пораст на серумските вредности на уреата и креатининот, па третманот треба да се прекине до нормализирање на бубрежната функција. Исто така, честа појава при неговата примена се реналната тубуларна ацидоза и хипокалемијата. Хематолошките нарушувања (најчесто анемија) се, исто така, чести, но поради нив третманот поретко се прекинува. И покрај овие проблеми, голем број од пациентите го издржуваат целиот третман со амфотерицин Б.
Од неодамна се достапни липидните форми на амфотерицин Б кои се разликуваат според специфичниот липиден состав.
Сите три форми се карактеризираат со пониска нефротоксичност. Понекогаш во комбинација со амфотерицин Б се применува флуцитозин, но синергизмот на двата лека не е потполно докажан. Од друга страна, серумските концентрации на флуцитозинот треба да бидат внимателно следени поради ризикот од хематолошки нарушувања. Друг ограничувачки фактор за примената на флуцитозин е неговата слаба продорност во ЦНС, но тоа е карактеристика и на другите липидни форми на амфотерицин Б.
Итраконазол е орален антимикотик сличен на латоконазолот. Достапни се три форми на лекот: таблети, раствор во циклодекстрин и раствор за инјектирање. Апсорпцијата на лекот по орално внесување на таблетите е неправилна. Серумските концентрации по орално внесување на циклодекстринскиот раствор на лекот се слични како и при неговата парентерална примена, но кај многу пациенти се јавуваат гастроинтестинални несакани дејства. Интравенскиот облик на итраконазол е релативно добро поднослив, а најчести несакани дејства се нарушувањата на функцијата на црниот дроб. Дозирањето треба да се прилагоди на состојбата на бубрежната функција. Итраконазолот се применува во третманот на онихомикозата (атлетско стапало), а ефикасен е против повеке фунгални патогени кај имунокомпромитирани пациенти. Може да се применува во третманот на бронхопулмоналната аспергилоза, а има добра продорност и во ЦНС.
Флуконазолот се применува во третманот на криптококниот менингит и на инфекциите предизвикани од СапЛШа аЊкапз. Достапен е во орална и парентерална форма. Тој е помалку токсичен од амфотерицинот Б, па претставува алтернативен лек за третман на криптококните инфекции (особено на криптококниот менингит) кај пациентите со СИДА. Една доза флуконазол е ефикасен лек за лекување на некомплицираните вагинални микози.
Од скоро достапни антифунгални лекови се вориконазолот и каспофунгинот, ефикасни против повеке квасници и габи.
На фармацевтскиот пазар се достапни повеке топични фунгициди (миконазол, хлортримазол, нистатин и др.) во форма на лосиони, гелови, пудри и на други форми. Тие се применуваат за лекување на површната тинеа и кожните инфекции предизвикани од СапсИс1а аЊкат.