ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Зошто се јавува болка на горната страна на стопалото при брзо одење и свиткување?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Горната (дорзална) страна на стопалото содржи голем број коски, лигаменти, крвни садови и нерви, а самото стопало при одење трпи оптоварување кое е два и повеќе пати поголемо од телесната тежина. Затоа се можни разни видови повреди или заболувања на некои од структурите на стопалото. За добра дијагностика е пожелно да се направи рендген или, уште подобро, магнетна резонанца на стопалото, за да се утврди точната причина, како и преглед кај ортопед. До тогаш се препорачува намалување на оптоварувањето и локална примена на антиревматски гел против болка.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Ревматологија