ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Што причинува метатарзалгија и како се лекува?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Спуштени стопала можат да настанат и во раната возраст, а и подоцна, поради различни причини. Во суштина, настануваат кога оптоварувањето на стопалото е големо, а мускулите на потколеницата се слаби. Без оглед на причината, спуштените стопала доведуваат до проблеми, пред сè болка, односно метатарзалгија, што значи болка. Болката се засилува при носење високи потпетици, при оптоварување и при вишок телесна тежина, но и многу заболувања – ревматолошки, невролошки, дијабетес – можат да придонесат за тегобите. Ортопедските влошки се навистина неопходни за да се спречи понатамошно влошување и да се намали болката. Носењето високи потпетици не се препорачува кај спуштени стопала. Физикалната терапија може да помогне. Оперативното лекување е можно, но не е едноставно, особено во постарата возраст, а дали ќе се изведе зависи од целокупната здравствена состојба на пациентот. Во такви случаи, се препорачува прво да се пробаат сите конзервативни мерки на лекување.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Ревматологија