ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Може ли крива кичма (сколиоза) да се исправи во возрасна доба?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Познато е дека сколиозата има тенденција да се влошува со времето. Затоа е важно што поскоро да се јавите на физијатар или ортопед за детален преглед и да започнете со физикална терапија, односно со вежби наменети специфично за сколиоза, кои треба да ви ги покаже терапевт. Со навремено започнување на вежбите, постои можност степенот на искривување да се задржи на моменталната состојба и да не се влошува понатаму. Исто така, пливањето е многу корисно.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Ревматологија