ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Болка во долниот дел на грбот по нагло сопирање - што да се прави?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Основно правило кај болки во грбот, дури и кога се јавуваат толку ниско, е да се избегнува поведнување (наведнување напред) на кичмениот столб. Секој предмет што треба да се подигне од под, дури и лист хартија, треба да се земе од чучечка позиција. Исто така, треба да се избегнуваат ротирачки движења (извртувања), особено ако во рацете се носи товар. Секогаш треба да се вртите преку колковите, односно со поместување на нозете. Избегнувајте долго лежење - никаква имобилизација не е потребна доколку немате невролошки испади. Движете се нормално, не седете и не стоите долго на едно место. Доколку веќе сте биле на физикална терапија, треба да ги знаете вежбите за грб кои треба да ги правите секојдневно. Во случај проблемот да е поголем, за поточен одговор би биле потребни наоди, особено опис на рендген снимки или, уште подобро, на компјутеризирана томографија или магнетна резонанца, доколку такви прегледи се направени.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Ревматологија