ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Каква треба да биде исхраната кај пациент со операција на малигн мозочен тумор кој прима зрачење и хемиотерапија?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Исхраната на онколошки пациент кој истовремено прима зрачење и хемиотерапија е многу важна тема. Имунитетот на ваквите пациенти е ослабен и од болеста и од терапијата, а честопати за време на хемиотерапијата се оштетува и слузницата на дигестивниот тракт, поради што понекогаш е отежано и самото земање храна. Во тој случај, првенствено се спроведува добра рехидратација, а понекогаш е потребна и парентерална рехидратација и исхрана. Доколку пациентот може да јаде, се препорачуваат помали и почести оброци со доволно течности. Не се препорачува масна, пржена, панирана храна, ниту тешка храна од било кој вид. Се препорачуваат здрави намирници од природно потекло, првенствено варени, со доволно квалитетни белковини. Оброците треба да бидат чести и помали, со доволно течности. Растителната храна има предност, во комбинација со висококвалитетни белковини од животинско потекло како сирење, јогурт, посно говедско или пилешко месо и риба. Треба да се исфатат сувомесните производи, свинското месо и готовите производи со многу адитиви од било кој вид.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Онкологија