ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Каква треба да биде исхраната кај лице со тумор?

9 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Кај лица на хемотерапија честа е појавата на мачнина и повраќање, за што понекогаш е потребен и лек. Исхраната пред сè треба да овозможи добра хидратација, односно доволен внес на течности преку супи, чорби, чаеви, сокови и вода. Исхраната треба да се заснова на принципите на здрава медитеранска исхрана, што значи доволно овошје, зеленчук и жита, риба и посно месо во помали количини, варено, динстано или печено — не пржено, не панирано, а да се избегнуваат и конзервирани и сувомесни производи. Треба да се избегнува брза храна, а да се исклучат алкохолот и пушењето.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Онкологија