ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Како хемотерапијата влијае на имунитетот?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Хемотерапијата ги уништува раковите клетки, но истовремено оштетува и здрави клетки во коскената срцевина и во другите делови на организмот. Ова доведува до нарушување на имунитетот, па пациентот станува подложен на разни инфекции и воспаленија. Степенот на оштетување на имунитетот зависи од видот на хемотерапијата, бројот на циклуси, а и од состојбата на имунитетот пред почетокот на терапијата. Бидејќи ова е индивидуално, потребни се редовни контроли на крвната слика. Што се однесува до препаратите за подобрување на имунитетот, постојат бројни производи, но најдобро е за тоа да се консултира лекар кој најдобро познава целокупната здравствена состојба на пациентот.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Онкологија