ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Што значи вредност на туморскиот маркер CA 125 од 17,9?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
CA 125 е туморски маркер кој најчесто е специфичен за гинеколошки проблеми, како бенигни цисти, ендометриоза, воспалителна болест на малата карлица, менструација, миоми, аденомиоза... Може да биде поврзан и со други состојби кои немаат врска со гинеколошките органи, како пневмонија или дијабетес. Важно е да се знае зошто се следи овој туморски маркер - дали се користи за проценка на ризик од карцином на јајниците, за следење на постоперативно закрепнување или од друга причина. Ако вредноста е под референтната граница (под 35 mU/L), тогаш нема ризик за настанување на карцином, но овој параметар треба да се согледа заедно со ултразвучен наод. Ако се следи заради постоперативно закрепнување, таков резултат најчесто значи дека нема ризик, но овој маркер е важен и за откривање на напреднат карцином и за следење на успешноста на лекувањето. CA 125 тестот не се препорачува како скрининг тест за откривање карцином во општата популација, туку се користи за следење на пациентки со карцином на јајниците.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Гинекологија